Rixos Premium Magawish Suites & Villas

• Rixos Premium Magawish Suites & Villas
• 42 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Rixos Premium Magawish Suites & Villas

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа на околу 12 км од центарот на Хургада и околу 7 км од аеродромот. Отворен е во март 2021 година, на површина од 255 000 м² (некои од содржините ќе се отвараат постепено).

• Сместување

Вкупно 410 апартмани и вили со поглед на градина, базен и море.

• Suite (53-73 м², макс. 3+1).
• Lagoon Swim Up Suite (130 м², макс.3+1),
• Lagoon Deluxe Swim Up Suite (130 м², макс.3+1),
• Pool Villa (105-129 м², макс. 4 лица),
• Executive Pool Villa (240 м², макс. 6+1).

Сите апартмани се со поглед на градина, директен или страничен поглед на море, приватно купатило, ЛЦД ТВ со сателитски канали, клима, услуга во соба 24 часа, еспресо машина, сет за чај и кафе, бањарки, влечки, мини бар (се дополнува секојдневно), сеф, WiFi, балкон / тераса.

• Услуга

Premium All Inclusive појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера, сладолед, чај, кафе, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la carte ресторани со бразилска, турска, интернационална и азиска кујна, закуски во текот на денот, барови низ хотелскиот комплекс, кафе и чај, колачи. Со доплата се увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, наргиле, услуга во соба, и сѐ што не е наведено во концептот.

• Содржини

Главен ресторан, 5 À la carte ресторани, барови низ хотелскиот комплекс, пабови. Со доплата се доктор, телефон, фризер, продавници, паркинг, изнајмување коли и сѐ што не е наведено во концептот. WiFi е бесплатно насекаде во хотелот.

• Плажа

Хотелот се наоѓа покрај една од најубавите плажи во регионот. Дел е со мал корален гребен, а останатото е зона за капење со постепен влез во вода. Лежалките, чадорите и крпите се бесплатни.

• Спорт и забава

Неколку базени за возрасни и деца, спортски терени, мини фидбал, современ фитнес центар, јога, зумба, часови по танцување, аква аеробик, кросфит, пилатес. Со доплата се сите третмани во СПА центарот Анџана, спортови на вода, нуркање, јавање коњ, тениски терени (осветлување, опрема и часови) и сѐ што не е наведено во концептот. Дневни анимации на плажа и покрај базен, карневали, музика во живо, вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години, детско кино, мини диско и други активности.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni