Titanic Palace

1. Egjipt
2. Deti i Kuq
3. Hurgada
• Titanic Palace
• 55 fotografi
• Rekomandimi ynë

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Titanic Palace

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа на 17 километри од Хургада и 10 километри од аеродромот и се простира на површина од 102 000 м².

• Сместување

Вкупно 593 соби, распоредени на 3 спрата, сите имаат балкони со поглед на градина, базен или страничен поглед на море.

• Стандардни соби (48 м², спална соба со кабина за остава, балкон со поглед на градина, на базен или страничен поглед на море).
• Супериор соба (55 м², спална со простор за дневен престој, купатило со џакузи, балкон со поглед на градина или базен).
• Фамилијарни стандардни соби (55 м², една спална соба со дупли кревет и два дополнителни единечни кревети, простор за дневен престој, балкон со поглед на градина, базен или страничен поглед на море).
• Фамилијарна соба (58 м², две спални соби одвоени со врата, гардеробер, балкон со поглед на градина или базен).
• Бунгалов соби (48 м², лоцирани во средината на базенот, опкружени со вода, дупли кревет, гардеробер, тераса со пристап до базен, само за возрасни и максимум до 2 лица).

Сите соби имаат сопствено купатило со туш, фен, клима, телефон, сателитска ТВ, мини бар (се полни со сокови и вода секојдневно)

• Услуга

Се вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, доцна вечера, закуски во текот на денот, сладолед во одредено време од денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la carte ресторани (индиски, кинески, монголски, мексикански) се бесплатни два пати во текот на престојот со претходна резервација, освен јапонскиот (бесплатен е еднаш во текот на престојот). Не е вклучено: увозни пијалоци, коктели, свежо цедени сокови, услуга во соба, и сѐ друго што не е наведено во концептот е со доплата.

• Содржини

Два главни ресторана - Cleopatra и Антонио ресторани, и 9 À la carte ресторан ресторани со јапонска, кинеска, индиска, мексиканска, монголска, италијанска, либанска кујна, China Town ресторан и The Grill ресторан, 6 барови во лоби Бар, на базен и плажа, Вејв Диско Бар, Александер бар (со доплата), VIP Lounge, за вип гости. Конференциска сала со капацитет од 400 гости, детско кино во текот на денот и навечер, Спа центар со соби за масажа, соби со сауна, парни бањи, турска бања, џакузи, бесплатен фитнес центар, тениски терени и мини голф. Хотелот поседува базени со вкупна површина од 8000м² - 3 главни базени, од кои еден е загреан и може да се користи во текот на целата година, 8 swim-up базени, 47 приватни базени, како и 5 бунгалови со приватни базени и еден детски базен во близина на плажата. Аква паркот работи од 10 часот наутро до 17 часот попладне и содржи 8 топогани за возрасни, 8 топогани за деца, пиратски брод, 1 река за рафтинг и еден базен со бранови за сурфање. Хотелот организира најразлични програми за возрасни и деца во текот на денот и вечерните часови, во кои може да уживаат гостите.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni