Jaz Makadi Saraya Palms

1. Egjipt
2. Deti i Kuq
3. Makadi Bay
• Jaz Makadi Saraya Palms
• 16 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Jaz Makadi Saraya Palms

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Мадинат Макади, на само 35 км од аеродромот во Хургада.

• Сместување

Вкупно 102 соби (апартмани и студио соби) сместени во повеќе згради.

• Стандардни (студио) соби (60 м², една спална, едно купатило, дел за седење, макс. 2 лица).
• Апартман со една спална (83 м², една спална со дупли кревет, дневна со софа, дел за седење, едно купатило, макс.2+1 или 3 возрасни).
• Апартман со две спални (160 м², две спални соби – едната со дупли кревет, другата со два единечни, дневна со софа, дел за седење, макс.4 + 2 деца).
• Апартман со 3 спални (275 м², 2 спални со дупли кревети, еда спална со два единечни, дневна со софа, кујна, купатило, макс. 5 + 3 деца).

Собите се опремени со купатило, клима уред, фен, мини бар (со доплата), сеф и телевизија со сателитски канали, балкон или тераса, прибор за пеглање, телефон.

• Услуга

Сѐ вклучено шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина, чај и колачи, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци во барот покрај базен и во лоби бар. Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, шампањ, свежо цедени сокови, собна услуга, À la carte рестораните со претходна резервација и само еден по избор во текот на престојот.

• Содржини

Хотелот има 3 базени, само еден се загрева во текот на зимата. Базен, клуб и игралиште за деца, аеробик, одбојка, билијард, пинг понг, забавни програми. Со доплата: финтес центар, спа центра, сауна, масажа и останати услуги, фризер и салон за убавина, тениско игралиште, перална, доктор, нуркање, сурфање и катамаран, здравствени услуги, продавници, изнајмување кола, спортови на вода и аква парк.

• Плажа

Приватна песочна плажа, дел од плажата е со корален гребен, со бесплатни лежалки, крпи и чадори за сонце. Бесплатен превоз до плажа.

• Спорт и забава

Надворешни базени за возрасни и деца, клуб за деца, мини диско, анимациски активности и забавни програми во текот на денот и навечер ,билијард, пинг понг. Со доплата: спортови на вода, нуркање, тенис, голф, фитнес, бадмингтон, голф.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni