Serenity Makadi Beach

1. Egjipt
2. Deti i Kuq
3. Makadi Bay
• Serenity Makadi Beach
• 46 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Serenity Makadi Beach

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот е отворен во 2007 година. Се наоѓа на 36 км од меѓународниот аеродром во Хургада.

• Сместување

Вкупно 551 соба распоредени во 3 дела составени од 15 посебни згради за 2-3 ката.

• Стандардни соби (45 м², една спална со дупли кревет или два единечни, поглед кон градина, екстра кревет, купатило, макс. 3 лица или 2+1 дете).
• Делукс соби со поглед на море (45 м², една спална со дупли кревет или два единечни, екстра кревет, купатило, макс. 3 лица или 2+1 дете).
• Фамилијарни соби (55 м², во главна зграда, една спална со дупли кревет и два единечни, поглед кон градина или базен, купатило, макс. 2+3).
• Executive Suite (98 м², во главна зграда, посебна спална, дневна соба со трпезариска маса, купатило, макс. 2+1).

Сите соби имаат приватно купатило со туш кабина, фен, балкон или тераса, телефон, мини бар (со доплата), сеф, електричен бокал, сет за кафе и чај, бањарки, влечки, сателитска ТВ.

• Услуга

Се вклучено шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, сладолед во одредено време, бебешка храна во главниот ресторан, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 23 часот во лоби барот, и од 10 часот до зајдисонце во баровите на плажа и покрај базен. Со доплата се сите увозни пијалоци, пијалоци во шише и лименка, À la carte ресторани, Bedouin Café, пијалоци во дискотека, наргиле, доктор, перење алишта, продавници, шатл бус до центар, менувачница, интернет, телефон, факс, услуга во соба. WiFi е бесплатен во лоби.

• Содржини

3 базена со дел за деца (загреан во текот на зимата), 2 релакс базена со солена вода, фитнес, одбоја плажа, тениски терени. Со доплата се сите спортови на вода, услуги од Health Club и центар за убавина, масажи, турска бања, џакузи, осветлување за тениски терени, опрема за тенис. Мини клуб за деца со разни програми, игри и натпревари. Забавни анимациски програми во текот на денот и навечер.

• Плажа

Хотелот се наоѓа 200 метри од приватната песочна плажа, влезот во водата е постепен, дел од плажата има корален гребен, се препорачуваат чевли за на плажа. Другиот дел од плажата е во заливот. Плажата има лежалки и чадори за сонце.

• Спорт и забава

Хотелот располага со 8 базени, аква парк со 11 лизгалки, детски базен, детски клуб, 2 игралишта, фитнес, аеробик, анимација, пикадо, караоке, тениско игралиште, пинг-понг, игротека, диско.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni