Balina Paradise Abu Soma Resort
- Egjipt
- Deti i Kuq
- Safaga

- 34 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Rreth Balina Paradise Abu Soma Resort

Положба
Хотелот се наоѓа на 45 минути возење од аеродромот во Хургада. Поради близината на хотелот до патот за Луксор, за време на вашиот престој може да го посетите или да крстарите по реката Нил. Овој луксузен хотел со 4* е сместен во идиличната и ексклузивна оаза на Абу Сома, со директен пристап на долга песочна плажа. Располага со базен, приватна плажа и СПА центар, светли и пространи соби со прекрасен поглед на Црвеното море.

Сместување
Хотелот располага со 236 соби, 8 вили во градината:
- Стандардни соби со поглед на градина, страничен и директен поглед на море,
- фамилијарни соби и вили.
Сите соби располагаат со клима, купатило со туш кабина, фен, козметичко огледало, мини бар (со доплата), сет за кафе и чај, сателитска ТВ, телефон, сеф, Wi-fi интернет во собите (со доплата), тераса или балкон.

Услуга
Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, чај во одредени часови и закуски во снек бар. Главен ресторан со шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, каде што има дел и со здрава и вегетаријанска храна, Bella Naboli – Pizzeria (во all inclusive концепотот само пица маргартита е бесплатна за ручек), Diving center snacks со доплата, Paradiseo Lobby Bar (сладолед за деца), Pool Bar, Terrace / Beach Bar Octopus Disco Bar (со доплата после полноќ), El Shisha – oriental café со доплата. Алкохолни и безалкохолни пијалоци според хотелскиот концепт.

Содржини
Хотелот располага со ресторан и барови каде што се служат храна и пијалоци според All inclusive концептот на хотелот, еден надворешен базен со дел за деца, сала за вежбање, одбојка на плажа, пикадо, пинг понг, ноќен клуб со DJ, мини голф, дневни и вечерни забави. За деца мини клуб од 04 до 12 години, детско игралиште, мини диско. Со доплата: Спа центар, масажа, сауна, џакузи, услуга за перење и пеглање алишта, телефон, факс, услуга за чување деца, фризер, доктор, аптека, услуга во соба, спортови на вода.

Плажа
Сопствена песочна плажа, лежалки и чадори за сонце се бесплатни.

Внимание
Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.
Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.
Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот