Kaisol Romance Resort

1. Egjipt
2. Deti i Kuq
3. Sahl Hasheesh
• Kaisol Romance Resort
• 24 fotografi
• Rekomandimi ynë

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Kaisol Romance Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Сал Хашиш на 25 км јужно од Хургада и 21 км од аеродромот. Хотелот е наменет исклучиво за возрасни лица (над 16 години).

• Сместување

Собите во хотелот се двокреветни (двоен или дупли кревет) или двокреветни со дополнителен кревет (два единечни кревети или дупли кревет и дополнителен кревет).

• Делукс соби
• Супериор соби
• Deluxe Swim Up

Сите соби имаат балкон или тераса, купатило (када или туш), фен, сателитска ТВ, клима уред, сеф и мини-бар (се доплаќа). Супериорната соба има поглед на планина или град. Делукс соба има поглед на градина или базен или страничен поглед на море. Deluxe Swim Up, собата е на приземје, со директен пристап до базенот.

• Услуга

Се вклучено шведска маса за појадок, ручек и вечера. Сите пијалоци, топли и ладни, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци се вклучени. Во хотелите кои обезбедуваат услуга на шведска маса, поради недоволен број на гости или други фактори, во некои периоди, било сезона или надвор од сезоната, се служи мени наместо шведска маса, кое не влијае на квалитетот на дадената услуга. Услуга во соба, чување деца со доплата.

• Содржини

Главен ресторан за шведска маса, À la carte ресторани кои служат индиска, морска храна, италијанска и кинеска храна, барови во хотелскиот комплекс, бар на плажа, Wi-Fi интернет бесплатно. Со доплата е СПА центар, паркинг, банкомат, менувачница, фризер.

• Плажа

Хотелската плажа е песочна, долга околу 200 метри, сместена преку променадата. Помал дел од плажата има корален гребен, а поголем дел е прекрасно уреден простор за капење со плитка вода. Крпи, лежалки и чадори за сонце се бесплатни.

• Спорт и забава

Надворешни базени. Со доплата се спортови на вода, нуркање, пикадо, пинг-понг, билијард.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Lokacioni