Galaxy Beach Hotel
- Turkia
- Antalija
- Alanija

- 38 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Rreth Galaxy Beach Hotel

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Махмутлар на 135км од аеродромот во Анталија и 14км од центарот на Аланија.

Сместување
Вкупно 116 соби во два блока.
- Стандардни соби (22м², една спална, едно купатило, макс.2+2 лица).
Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, сплит клима систем, телефон, мини бар (со доплата), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга
Сé вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне колачи, чај, кафе, вечера, локални алкохолни пијалоци (пиво, наливно вино, ракија, вотка, џин) и безалкохолни пијалоци од 10.00 до 23.00ч. Увозни пијалоци, храна и пијалоци по 23.00ч., свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, турско кафе, услуга во соба, мини бар во собите дополнително се наплатуваат.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, лоби бар, снек бар, бар покрај базен. Доктор, перална, телефон, факс, интернет кафе, компјутерски игри, изнајмување кола дополнително се наплатуваат. WI – FI интернет конекцијата во целиот објект на хотелот дополнително се наплаќа.

Плажа
Хотелска песочна плажа, на 30м од хотелот преку улица, лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Има тунел до плажа. Пешкири на плажа не се нудат.

Спорт и забава
Отворен базен за возрасни и деца, фитнес центар, пинг понг, одбојка на плажа. Турска бања, сауна, масажа, спортови на вода, билијард дополнително се наплатуваат.
Веб страна на хотелот
Fasilitetet

За деца
- Клуб за деца