Lancora Beach Hotel
- Turkia
- Antalija
- Kemer

- 28 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Rreth Lancora Beach Hotel

Положба
Хотелот се наоѓа во центарот на Кемер, на 55км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 233 соби.
- Комфорт стандардни соби (18-25м², една спална, купатило, макс. 2+1лице)
- Соби околу градината (16м², економска класа на соби, гледаат кон затворениот дел од хотелот, атриум или базен, без балкон, макс.2лица).
Сите соби се со приватно купатило со туш и фен, централна клима, телефон, сеф (со доплата) мини бар (само во комфорт станардните соби се дополнува вода и сокови), електричен бокал, сет за чај и кафе, сателитска тв со музички канали, ламинатен под, балкон во комфорт собите. WI-FI со доплата.

Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, ручек, попладневно кафе, вечера, стандардни локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00 – 23.00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци, сите пијалоци после 23.00 часот, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, сладолед, турско кафе, сета храна и пијалоци во барот на плажа, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар покрај базен, бар на плажа. Доктор на барање, пералница, телефон, факс, интернет, фризер, продавници се со доплата. WI-FI со доплата.

Плажа
Хотелот е на плажа со ситни камчиња. Лежалки, чадори и пешкири се бесплатни.

Спорт и забава
Отворен базен со дел за деца, пинг понг, одбојка на плажа, пикадо, турска бања, сауна, фитнес центар. Спортови на вода, масажа и билијард се со доплата. Забава со жива музика два пати неделно (согласно временските услови).
Веб страна на хотелот