Delphin Palace Hotel

1. Turkia
2. Antalija
3. Lara
• Delphin Palace Hotel
• 34 fotografi
• Rekomandimi ynë
• Aqua park
• Best buy
• Pishinë e brendshme dhe e jashtme
• Fusha Tenisit
• Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
• Children friendly
• Ideale për familje
• Plazhi me guralecë
• Në plazh
• Fitness & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Delphin Palace Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Лара, 10 км од аеродромот во Анталија и 15 км од центарот на градот. Се наоѓа на сама плажа.

• Сместување

Вкупно 557 соби.

• 487 Стандардни соби (28-32 м², една спална со француски кревет + еден единечен кревет + софа 180 х 80 цм, едно купатило, макс.2+2 лица),
• 40 Фамилијарни соби (45м², две спални соби одвоени со врата - во едната соба француски кревет, а во другата два единечни кревети и софа 180 х 80 цм - со два мини бара, два ТВ и едно купатило, макс. 4+1 лица),
• 24 Јуниор Апартмани (36 м², една голема соба со еден француски кревет + еден единечен кревет + софа 180х80 цм, со џакузи во купатило и голема тераса, макс. 3 лица),
• 6 соби за лица со попреченост

Сите соби се со балкон или тераса, поглед на море, страничен поглед на море или градина, купатило со туш и фен, централна клима која работи според временски услови, телефон, под со ламинат, сеф, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, WI-FI интернет, сателитска LCD ТВ и музички канали.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено шампањ за добредојде, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, во неделите шампањско, храна и пијалокот во снек баровите, свежи овошни сокови за време на појадокот и во витамин барот. Сите домашни и стандардни увозни безалкохолни и алкохолни пијалоци, сладолед, кафе, чај покрај базените и баровите на плажа. À la Carte рестораните се со претходна резервација (само еднаш во недела е бесплатен, секоја наредна резервација се наплаќа). Диетална храна и храна за деца во главниот ресторан. Луксузните увозни пијалоци, коњакот, пури, специјалните вина, увозните пијалоци во À la Carte рестораните, услуга во соба дополнително се наплаќаат. За деца под 15 год., влезот е дозволен само во Ottoman и Blue Fish рестораните.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Blue Fish (рибен ресторан), Ottoman (турска кујна и скара), Peking (кинеска кујна), Dolce Vita (италијанска кујна), Margarita (мексиканска кујна), Dragon (јапонска кујна), Helen (грчка кујна). Девет барови на различна локација во хотелскиот комплекс каде што се служат домашни и увозни пијалоци, диско клуб, кино. Доктор, перална, шопинг центар, интернет (во лоби е бесплатен, во собите се наплаќа) и компјутерски игри, фризер, изнајмување кола, чување деца, се услуги кои дополнително се наплатуваат. WI-FI секаде во хотелот е бесплатен.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори за сонце, крпи и душеци се бесплатни.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен, базен за деца, базен само за возрасни, Аква парк, внатрешна водена лизгалка, фитнес центар, сауна, турска бања, соба со пареа, тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг понг, пикадо, забавен парк за деца (во одредени часови) се бесплатни. Опрема и часови за тенис, масажа, пилинг, SPA центарот и салонот за убавина, куглање, соба со игри, билијард, спортови на вода и школата за нуркање се со доплата. Забавни програми преку целиот ден, натпревари и шоу програми навечер, жива музика, тематски вечери, Гала вечери. Мини клуб за деца од 4-12 год. детско игралиште, детско кино, мини Диско.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Lokacioni