Fame Residence Lara & Spa

1. Turkia
2. Antalija
3. Lara
• Fame Residence Lara & Spa
• 31 fotografi
• Plazh me rërë
• Aqua park
• Pishinë e brendshme dhe e jashtme
• Fusha Tenisit
• Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
• Children friendly
• Ideale për familje
• Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
• Në plazh
• Fitness & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Fame Residence Lara & Spa

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Лара на 14 км од аеродромот во Анталија и 16 км од центарот на Анталија.

• Сместување

Вкупно 559 соби.

• Стандардни соби (25-32 м², една спална и едно купатило, макс. 2+2 лица),
• Фамилијарни Делукс соби (33-47 м², една голема спална и едно купатило, макс. 2+2 лица),
• Фамилијарни Елит соби (48 м², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица),
• Дуплекс Фамилијарни Гарден соби (лоцирани се во градината, има спални соби на секој кат, не се одвоени со врата, но без можност од горниот кат да се гледа долниот кат, едно купатило, макс.4 лица),
• Има соби и за лица со попреченост.

Сите соби се многу луксузно декорирани со купатила со када, фен, централна клима која работи во зависност од временските услови, телефон, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), сет за кафе и чај, електричен бокал, сеф , тепих на подот, сателитска ТВ. Повеќето соби имаат балкон. Некои од собите се со француски балкони.

• Услуга

Fame стил Сѐ вклучено појадок, доцен појадок, À la Carte појадок (со претходна резервација), ручек, ужина во Café Fame Snack простор и покрај базенот, вечера, ужина доцна навечер, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00ч., кафе, чај, сладолед (14:00-16:00ч.), точено вино, пиво, ручек и вечера со специјално диететско, вегетаријанско и детско мени. Увозните пијалоци, свежо цедени сокови, наргиле, флаширани пијалоци, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, сите алкохолни пијалоци од 03.00–10.00ч, пијалоци во Диско клубот дополнително се наплатуваат.

• Содржини

Главен ресторан со тераса, À la Carte ресторани – Pasha (турски), Logos (италијански), Mermaid (рибен), Dragon (кинески), Cancun (мексикански). Барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, перење и хемиско чистење, фризер, чување деца, телефон, факс, интернет, изнајмување кола, шопинг центар, превоз до центарот на Анталија се услуги кои дополнително се наплатуваат. Интернетот во лобито е бесплатен.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни..

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен за возрасни и деца, четири лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, турска бања, соба со пареа, џакузи, тениски игралишта, одбојка на плажа. Спа и Велнес центар, масажа, солариум, осветлување за тениските игралишта, фудбалски игралишта, куглање, билијард и спортови на вода се наплатуваат. Забавни програми со професионална екипа во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 год. и Јуниор клуб за тинејџери од 12-16 год.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni