IC Hotels Green Palace

1. Turkia
2. Antalija
3. Lara
• IC Hotels Green Palace
• 38 fotografi
• Children friendly
• Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
• Në plazh
• Fitness & SPA
• Rekomandimi ynë
• Plazh me rërë
• Aqua park
• Animacion
• Best buy
• Ekskluzive
• Pishinë e brendshme dhe e jashtme
• Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
• Pishinë të mbrendshme
• Ideale për familje
• Pishinë e hapur
• Fitness

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth IC Hotels Green Palace

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кунду, 25км од центарот на Анталија и 15км од аеродромот.

• Сместување

Вкупно 429 соби.

• Стандардни соби (26 м², една спална, едно купатило, 2+1 лица),
• Quad Стандардни соби (26 м²,една спална со француски кревет + 2 единечни кревети кои се креваат и се вметнуваат во ѕид, едно купатило 3+1 лица),
• Фамилијарни соби (52м², 2+2 лица, една дневна, две спални соби, две купатила),
• соби за лица со попреченост (26 м², специјално дизајнирани),
• Детски апартман (52 м², две одвоени спални, една со француски кревет и другата со кревети на спрат, 2 купатила, макс.2+2 лица),
• Кралски апартман (131 м², една дневна соба, две спални, едно купатило со џакузи и уште едно со када, ВИП концепт),
• Претседателски апартман (213 м², на најгорниот кат од хотелот, две спални и една спална за послуга, дневна со дел за ручање и дел за работа, едно купатило со џакузи и уште едно со када, ВИП концепт).

Сите соби се со поглед на море или градина, со балкон или тераса, купатило со када или туш кабина фен, бањарка, влечки, централна клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), сет за кафе & чај, сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, интернет со ниска брзина. Гостите од Кралскиот и од Претседателскиот апартман имаат ВИП концепт (трансфер од / до аеродром, експресно пријавување и одјавување од хотелот, секојдневно дополнување на мини барот, корпа со овошје, џус, увозно пиво, кафе и чај, два пати во денот чистење на собата, цвеќе во соба, собни влечки, бањарка, крпи за на плажа, перална, безжичен интернет, бесплатна собна услуга, павилјон на плажа).

• Услуга

High End Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, сладолед, вечера, доцна полноќна шведска маса до 05.00 наутро. Сите домашни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, мини бар во собите, ужина на плажа, детска шведска маса, сладолед. Не се вклучени: луксузните локални и увозни пијалоци, увозни пијалоци кои не се на мени листата, сите флаширани пијалоци, специјалните вина, услуга во соба, наргиле, À la Carte ресторани со претходна резервација се наплаќаат и се користат само еднаш за време на престојот, во италијанскиот À la Carte ресторан не е дозволен влез за деца помали од 12 год.

• Содржини

Главен ресторан - шведска маса, Sunset snack bar за ужина, 6 À la Carte ресторани: Cavalli (италијански –деца не се дозволени ), Casa Mexicana (мексикански), Wabi Sushi Japanese (јапонски), Wabi Tepenyaki (кујна од Далечниот Исток), Fes (турски), Green Fish (ресторан за морска храна), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс, IC café, IC Cream world, Free Zone диско клуб. Телефон, факс, шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, internet café, компјутерски игри, изнајмување кола се наплаќа. WI-FI (ниска брзина) е бесплатен.

• Плажа

Песочна приватна хотелска плажа, со крпи, чадори за сонце и лежалки кои не се наплатуваат. Приватните павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворен и затворен базен (еден од отворените базени има лифт за лица со хендикеп), базен за деца, Аква парк, фитнес центар, сауна, турска бања, тениски игралишта, гимнастика, мал фудбал, мини голф, одбојка на плажа, пикадо не се наплаќаат. Спортови на вода, осветлување на тениските терени, опрема и часови по тенис, масажа, Спа и велнес центар, билијард, куглање, школа за нуркање се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден за возрасни и деца, натпревари покрај базенот и на плажа. Специјална шоу програма навечер која се менува секој ден. Мини клуб за деца од 00-16 год поделени во групи според возраста, со програма во тек целиот ден и во вечерните часови.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni