Adalya Resort & Spa
- Turkia
- Antalija
- Side

- 46 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Rreth Adalya Resort & Spa

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 10 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 210 соби во две згради.
- Стандардни соби (30 м²; една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и едно купатило, макс.2+1 лице или 2+2 лица).
- Фамилијарни соби (55 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица)
- 2 соби за лица со попреченост.
Собите се со страничен поглед и со поглед на море и со поглед на копно, со приватно купатило со када и туш, фен, клима уред, телефон, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден, со пиво се дополнува само при пристигнување), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), LCD TV со сателитски програми, WI-FI интернет конекција (со доплата), балкон.

Услуга
Ултра Сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладне кафе, колачи, закуски, вечера, закуска доцна навечер, локални и неколку увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед за време на одредени часови во текот на денот, мини бар во собите, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Бар на плажа од 10:00 до 18:00 часот. Во концептот не се вклучени: луксузни увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, увозен шампањ, турско кафе, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани со турска кујна и стек, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, бебиситер, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лоби и покрај базен е бесплатна.

Плажа
Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, тениски терен, пинг понг се бесплатни. Масажа, SPA центар и центар за убавина, осветлување за тениски терени, билијард, сите спортови на вода се доплаќаат. Забава во текот на денот, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04 – 12 години.

Внимание
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Fasilitetet

Општо
- Собна услуга

За деца
- Детско игралиште

Плажа
- Лежалки за плажа