Arum Barut Collection

1. Turkia
2. Antalija
3. Side
• Arum Barut Collection
• 62 fotografi
• Rrethuar me gjelbërim
• Afër qendrës së qytetit
• Plazh me rërë
• Pishinë e brendshme dhe e jashtme
• Fusha Tenisit
• Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
• Fëmitë deri në 12.99 vjeç - pa pagesë në hotel
• Children friendly
• Ideale për familje
• Në plazh
• Fitness & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Arum Barut Collection

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 3 км од центарот на Сиде и 60 км од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 330 соби. Во хотелската зграда и во анекс зградата.

• Супериор соби (33 м², главна зграда, една спална соба со француски кревет + мал дел за седење, едно купатило макс. 2+1 лица).
• Делукс соби со поглед на море (33 м², главна зграда, една спална соба со француски кревет + мал дел за седење, едно купатило макс. 2+1 лица).
• Queen фамилијарен апартман (45 – 50 м², главна зграда, две спални соби - во едната има француски кревет + мал дел за седење, во другата еден единечен кревет, одделени со врата на лизгање, едно купатило, макс 2+1 лица).
• Премиум апартман (45 – 50 м², главна зграда, една голема спална соба со француски кревет и дел за седење, соблекувална, едно купатило, макс. 3 лица).
• Пентхаус апартман со поглед на море (57 м², главна зграда на највисокиот кат од хотелот, една поголема соба со голем балкон, макс. 2 лица),
• 3 соби за лица со попреченост.
• Делукс фамилијарен апартман (47 м², две одвоени спални соби, во едната спална француски кревет + мал дел за седење, во другата два единечни кревета, едно купатило, макс. 4 лица.).
• Голема резиденција (60 м², две одделни спални соби + една дневна соба со кујна и трпезариска маса, едно купатило, макс. 5 лица).

Сите соби се со балкон, приватно купатило со туш и фен, бањарка и влечки, клима уред кој работи согласно временските услови, телефон, паркет на подот, сеф, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено шведска маса со појадок, доцен појадок, ручек, сервис за закуска, бифе за сендвич, торти и колачи, сладолед, вечера, и закуска доцна навечер, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Веганска храна, храна без лактоза и глутен во главниот ресторант за време на оброците и À la Carte ресторан со претходна резервација, без доплата. Не е вклучено во концептот: специјални увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан - Palmiye со шведска маса, À la Carte ресторани: Mimoza – кујна од Далечниот Исток, Akasya - интернационален, Petunya –турска кујна, барови покрај базенот, на плажа, лоби бар, слаткарница, диско бар. Доктор, бебиситер, фризер, продавници, услуга за перење и хемиско чистење, СПА и центар за убавина, изнајмување кола се доплаќаат. Wi-Fi интернет конекција бесплатна во целиот хотел.

• Плажа

Приватна хотелска песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, тениски терени, пинг-понг, сквош терен, мини голф, одбојка на плажа се бесплатни. Масажа, SPA и Wellness центар, осветлување за тениските терени, билијард и спортови на вода се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот и навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 04-12 години, лизгалици, подиум. Има специјален Bary Star Baby концепт за од 00 – 2,99 години: baby телефон, количка за бебе, подлога за бебе, нокшир, шампон, сунѓер, лосион за бебе, затоплувач на шише, влажни марамици, високо столче кои се бесплатни на барање.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni