Crystal Sunrise Queen Resort & Spa
- Turkia
- Antalija
- Side

- 53 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-
Rreth Crystal Sunrise Queen Resort & Spa

Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Кумкој на 6 км од Сиде и 55 км од аеродромот во Анталија.

Сместување
Вкупно 514 соби во една главна зграда од четири ката, една Анекс зграда од пет ката, и 4 блокови со тераси.
- Стандардни соби (22 – 25 м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице).
- Делукс соби со тераса (28 м², сместени во блокови со тераса, една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лице, блиску до море со голем балкон).
- Апартмани (37 – 42 м², сместени во главната зграда, една спална, една дневна, широк балкон, ламинат во спалната и мермерен под во дневна соба, едно купатило, макс.2+1 ,).
- Фамилијарни соби (35-42 м², лоцирани во Анекс зградата , две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица),
- Queen апартман (37- 42 м², лоциран во главната зграда, една спална соба, една дневна, голем балкон, едно купатило, макс. 2+1 лица).
Сите соби се со сопствено купатило со када, туш, влечки, фен, централен клима уред работи според временските услови, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци и вода се полнат секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска со LCD телевизор и музички канали, WI-FI интернет, тепих или ламинат, балкон или тераса.

Услуга
Local & Healthy Ultra all inclusive 24 часовна услуга за храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ужина во текот на денот, ручек, кафе, вечера, диететско бифе, специјално детско бифе и детска храна, вегетаријанско бифе, безглутенски леб и ужинки, бар за детоксикација, ресторани À la Carte со претходна резервација (турски, италијански, мексикански), сладолед во одредени часови, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци. Не се вклучени: специјални увозни пијалоци, секаков вид флаширани и конзервирани пијалоци, свежо цедени сокови, енергетски пијалоци, рибен À la Carte ресторан, сите вина, шампањ и специјални нарачки за оброци во A’la Carte ресторани, услуга во соба.

Содржини
Главен ресторан Панорама за шведска маса, À la Carte ресторани - рибен, турски, италијански и мексикански, барови околу хотелскиот комплекс, Диско бар. Доктор, перална и хемиско чистење, чување деца, телефон, факс, интернет катче, продавници, изнајмување кола, фризер, компјутерски игри се доплаќаат. WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

Плажа
Хотелска песочна плажа, со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душек и крпи за плажа. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и доплата.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени, тобогани, турска бања, сауна, парна соба, фитнес центар, 6 тениски игралишта, одбојка на плажа, пинг-понг, мини фудбал. Се доплаќа: спортови на вода, рефлектор за тениски терени, часови и опрема за тенис, масажа, СПА центар, куглање, билијард и компјутерски игри. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа со стручен тим, вечерни шоу програми. Crispy Kids World мини клуб за деца од 4 – 12 години со специјални програми. Специјални програми за тинејџери од 13 – 17 години.

Внимание
Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.
Веб страна на хотелот
Fasilitetet

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца