Diamond Premium Hotel & Spa

  1. Turkia
  2. Antalija
  3. Side
  • Diamond Premium Hotel & Spa
  • 46 fotografi
  • Aqua park
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Children friendly
  • Plazh me rërë dhe guralecë
  • Fitness & SPA

DIAMOND PREMIUM HOTEL & SPA - 5* - TITREYENGOL - SIDE Локација : Хотелот се наоѓа во Титрејенгул на 7км од Сиде и на 70км од аеродромот во Анталија. Сместување : Вкупно 496 соби. Стандардни соби (28м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица), Фамилијарни соби тип 1 (54м², две посебни соби разделени со врата, едно купатило, макс.4 лица), Фамилијарни соби тип 2 (56м², две спални соби разделе

Rreth Diamond Premium Hotel & Spa


DIAMOND PREMIUM HOTEL & SPA   - 5* - TITREYENGOL - SIDE


Локација: Хотелот се наоѓа во Титрејенгул на 7км од Сиде и на 70км од аеродромот во Анталија.


Сместување: Вкупно 496 соби. Стандардни соби (28м², една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица), Фамилијарни соби тип 1 (54м², две посебни соби разделени со врата, едно купатило, макс.4 лица), Фамилијарни соби тип 2 (56м², две спални соби разделени со врата, две купатила, макс. 4 лица), Јуниор апартман (56м², една поголема соба, едно купатило, макс. 2 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, влечки, централна клима, мини бар (дневно се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, под од ламинат, балкон.


Услуга: Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и пладневна ужина, шведска маса доцна навечер. ран појадок, сите локални и стандарни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот, пијалоци на барот на плажа до 17.00 часот, сладолед во одредени часови, À la Carte ресторани со претходна резарвација и еднаш во текоот на престојот. Не е вклучено: други луксузни увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, услуга во соба.


Содржина: Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Sultan - турска кујна и Carpaccio - медитеранска кујна, барови преку целиот хотелски комплекс, диско клуб, бар со ужина на плажа. Доктор, дадилка, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, шопинг центар, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет во лоби, јавни места и соби е бесплатен.


Плажа: Хотелска плажа со песок и камчиња на 250м од хотелот со лежалки, чадори за сонце и пешкири кои не се наплаќаат.


Спорт и забава: Отворени и затворени (преку лето се затворени) пливачки базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг-понг, одбојка на плажа. Со доплата -  спортови на вода, билјард, игри на компјутер, спа и центар за убавина и масажи. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни активности и програми.


www.thediamondhotels.com


 


ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНА БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.


 



Fasilitetet

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Lokacioni