Dream World Hill

  1. Turkia
  2. Antalija
  3. Side
  • Dream World Hill
  • 28 fotografi
  • Plazh me rërë
  • Modern
  • Aqua park
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Pishinë e hapur
  • Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
  • Fitness & SPA

DREAM WORLD HILL – 5* - KUMKOY - SIDE Локација : Хотелот се наоѓа во Кумкој на 5км од Сиде и 55км од аеродромот во Анталија. Сместување : Вкупно 300 соби во една главна зграда. Стандардни соби (30м², една спална соба и едно купатило, макс.2+1 лица), Фамилијарни соби (45м², две спални соби разделени со врата, едно купатило, макс.4 лица), и 2 соби за хендикепирани лица . Собите се со приватно купати

Rreth Dream World Hill


DREAM WORLD HILL – 5* - KUMKOY - SIDE


 


Локација: Хотелот се наоѓа во Кумкој на 5км од Сиде и 55км од аеродромот во Анталија.


Сместување: Вкупно 300 соби во една главна зграда. Стандардни соби (30м², една спална соба и едно купатило, макс.2+1 лица), Фамилијарни соби (45м², две спални соби разделени со врата, едно купатило, макс.4 лица), и 2 соби за хендикепирани лица. Собите се со приватно купатило со туш кабина, фен, централна клима, телефон, минибар (дневно се дополнува со обична и минерална вода), сеф (со доплата), под од ламинат, ЛЦД ТВ со сателитски канали, балкон.


Услуга: Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, пладневна торта, колачи, ужина, вечера, закуска доцна навечер, ран појадок, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-2400 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во текот на престојот, сладолед во одредени часови, бар на плажа од 10.00-17.30 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци, сите локални и увозни флаширани вина, увозни шампањ вина, турско кафе, свежо цедени сокови, услуга во соба, пијалоци во диско клубот.


Содржина: Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, рибен, италијански ресторан, барови преку целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, шопинг ареа, телефон, факс, интернет катче и компјутерски игри, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет е бесплатен во целиот хотел.


Плажа: Хотелска песочна приватна плажа на 350м од хотелот, лежалки, чадори за сонце и пешкири не се наплаќаат. Има бесплатен превоз до плажата.


Спорт и забава: Отворени и затворени (преку лето е затворен) пливачки базени за возрасни и деца, Аква парк (лоциран во Dream family Club Hotel), фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг-понг се бесплатни. Со доплата: масажи, спа и центар за убавина, билјард, сите спортови на вода. Забава преку целиот ден, натпревари, шоу програми, мини клуб за деца од 04-12 години.


 


www.dreamworldhotels.com.tr


 


ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНА БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.


 


Fasilitetet

  • За деца
    • Клуб за деца

Lokacioni