Oz Side Premium Hotel

  1. Turkia
  2. Antalija
  3. Side
  • Oz Side Premium Hotel
  • 38 fotografi
  • Plazh me rërë
  • Afer plazhit
  • Aqua park
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Fitness & SPA

mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#253D82">OZ HOTELS SIDE PREMIUM HOTEL – 5* - EVRENSEKI – SIDE mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333">Локација: mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333"> Хотелот се наоѓа во Calibri;mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333;mso-ansi-language:MK" lang="MK">Евренсеки на Calibri;mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333"> 11км од Манвагат и 5

Rreth Oz Side Premium Hotel

OZ HOTELS SIDE PREMIUM HOTEL – 5* - EVRENSEKI – SIDE

Локација: Хотелот се наоѓа во Евренсеки на 11км од Манвагат и 55 км од аеродромот во Анталија.

Сместување: Вкупен број на соби 476. Стандардни соби (32-35м², една спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице), Фамилијарни соби (48м², се наоѓаат во анекс зградата, две спални соби, едно купатило, макс. 4 лица), Економски соби (25м², стандардна соба без балкон која гледа во ходниците, макс. 2+1), и 5 соби за хендикепирани лица.

Сите соби се со купатило со када, туш, фен, централна клима која работи според временските услови, мини бар (се дополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.

Услуга: Ultra Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина, слатки, полноќна шведска маса, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација еднаш за време на престојот, сладолед во одредени часови, свежо цедени сокови само за појадок, слаткарница, бар на плажа до 10:00 до 17:00 часот. Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, услуга во соба, свежо цедени сокови (освен за појадок), пијалоци во Irish pub, À la Carte – италијанскиот ресторан е со претходна резервација и доплата.

Содржина: Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Latapet – турска кујна, Tulsushi – азиска кујна, бар на плажа, барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб. Доктор, перење и хемиско чистење, бебиситер, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, изнајмување кола. WI-FI интернет конекција во соби и на јавни места е бесплатна.

Плажа: Хотелска приватна песочна плажа оддалечена 150 метри од од хотелот, лежалки, чадори и пешкири на плажа се бесплатни.

Спорт и забава: Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, осветлување за тениски терени, билјард, компјутерски игри, масажа, SPA & Wellness центар. Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-12 години, игралиште, програма за деца во текот на денот, мини диско навечер.

 

www.ozhotels.com.tr

 

ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНИ БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА


 

 


Fasilitetet

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Lokacioni