Side Crown Palace

  1. Turkia
  2. Antalija
  3. Side
  • Side Crown Palace
  • 51 fotografi
  • Plazh me rërë
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
  • Fitness & SPA

mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#253D82">SIDE CROWN PALACE - 5* - EVRENSEKI – SIDE mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333">Локација: mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333"> Хотелот се наоѓа во Евренсеки Calibri;mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333;mso-ansi-language:MK" lang="MK">на mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333"> 7 color:#333333;mso-ansi-language:MK">

Rreth Side Crown Palace


SIDE CROWN PALACE - 5* - EVRENSEKI – SIDE


Локација: Хотелот се наоѓа во Евренсеки на 7 км од Сиде и 60 км од аеродромот во Анталија.


Сместување: Вкупно 513 соби во главна зграда и анекс згради. Стандардни соби (28 м², со поглед на копно, една спална соба, купатило, макс. 2+1 лице). Економски соби (15 м², една спална соба, едно купатило, макс. 2 лица), Делукс соби (32 м², со поглед кон базен, една спална соба, едно купатило макс. 2+1 лице). Стандардни соби со кревети на спрат (28 м², една спална соба со француски кревет + кревети на спрат, едно купатило, макс. 2+2 лица). Фамилијарни соби (45 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).


Сите соби имаат купатило со туш, фен, сплит клима уред, мини бар (со вода и безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, под со ламинат, балкон.


Услуга: Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, вечерно бифе, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00, сладолед во одредени часови во денот, пијалоци и закуски во бар на плажа од 10:00-18:00 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, сите флаширани пијалоци и лименки, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, услуга во соба, пијалоци во диско клубот.


Содржина: Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: италијански, турски, мексикански, барови околу целиот хотелски комплекс, диско клуб, бар на плажа со закуски. Дополнително се наплаќа: доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, фризер, телефон, интернет, продавници, изнајмување кола. WI-FI интернет конекција се доплаќа.


Плажа: Хотелска песочна плажа на 400 м од хотелот. Лежалките, чадорите за сонце и крпите се бесплатни. Има бесплатен шатл превоз од хотелот до плажата.


Спорт и забава: Внатрешни и надворешни базени за деца и возрасни, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг-понг, одбојка на плажа. Дополнително се наплаќа: спортови на вода, билијард, спа центар и масажа.
Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, вечерни шоу прогрми. Мини клуб за деца од 04-12 години со различни активности и програми.


 


Хотелот е реновиран во 2018 година (делумно).


ХОТЕЛОТ НЕ Е СООДВЕТЕН ЗА ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ.


www.sidecrownshotels.com.tr


 


ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНИ БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА


 


Fasilitetet

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Lokacioni