Side Royal Paradise

  • Side Royal Paradise
  • 33 fotografi

SIDE ROYAL PARADISE -5* - KUMKOY - SIDE Положба : Хотелот се наоѓа во Кумкој на 4км од Сиде и на 65 км од аеродромот во Анталија. Сместување : Вкупно е 335 сместени во две згради на 5 ката. Стандардни соби (28 м², една спална соба со брачен кревет + единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица). Економска соба (24 м², една спална соба, едно купатило, без балкон или со француски балкон, макс.2 лиц

Rreth Side Royal Paradise


SIDE ROYAL PARADISE -5* - KUMKOY - SIDE


Положба: Хотелот се наоѓа во Кумкој на 4км од Сиде и на 65 км од аеродромот во Анталија.


Сместување: Вкупно е 335 сместени во две згради на 5 ката. Стандардни соби (28 м², една спална соба со брачен кревет + единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица). Економска соба (24 м², една спална соба, едно купатило, без балкон или со француски балкон, макс.2 лица). Големи соби (30 м², една спална соба со брачен кревет, еден единечен кревет, еден софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица). Фамилијарни соби (32 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, француски балкон, макс.4 лица). Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, централна клима, телефон, мини бар (обична и минерална вода се дополнува секојдневно), електричен чајник, сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, под од ламинат и балкон.


Услуга: Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, утрински и попладневни закуски, вечера и ноќна закуска, диететска и вегетаријанска шведска маса, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 24 часот, сладолед во одредени часови, бар со ужина на плажа од 10.00-17.00 часот, со безалкохолни пијалоци, пиво и вино, À la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш во текот на престојот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, соба услуга, турско кафе, сите видови на флаширани и пијалоци во лименка, свежо цедени сокови, витамин бар, наргиле.


Содржина: Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани – турски и италијански, барови. Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се со доплата. Wi-Fi интернет во целиот хотел е бесплатен.


Плажа: Хотелска плажа со песок и камчиња на 350м од хотелот (постои пешачка патека покрај мала река до плажата). Лежалки, чадори за сонце и крпи се бесплатни. Има и бесплатен превоз до плажата.


Спорт и забава: Надворешни и внатрешни базени за пливање за возрасни и деца, две лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг-понг. Со доплата се спортови на вода, билјард и центар за игри, масажи, спа и центар за убавина. Забавни програми преку целиот ден и навечер шоу програми. Мини клуб за деца од 4-12 години.


www.sideroyalparadise.com


 


Хотелот е реновиран во 2019/2020 година.


 


ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНИ БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.


 


 


Fasilitetet

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Lokacioni