Sural Saray Hotel

  1. Turkia
  2. Antalija
  3. Side
  • Sural Saray Hotel
  • 31 fotografi
  • Plazh me rërë
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Fusha Tenisit
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Në plazh
  • Fitness & SPA

SURAL SARAY HOTEL - 5* - COLAKLI – MANAVGAT Локација : Хотелот се наоѓа во Чолакли на 12 км од Манавгат и 55 км од аеродромот во Анталија. Сместување : Вкупно 248 соби. Стандардни соби (26 м², една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица). Сите соби се со приватни купатила со када, туш кабина и фен, клима уред кој работи согласно временските услови, телефон, мини бар (вода дополнувана секојдневно

Rreth Sural Saray Hotel

SURAL SARAY HOTEL - 5* - COLAKLI – MANAVGAT

Локација: Хотелот се наоѓа во Чолакли на 12 км од Манавгат и 55 км од аеродромот во Анталија.

Сместување: Вкупно 248 соби. Стандардни соби (26 м², една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица). Сите соби се со приватни купатила со када, туш кабина и фен, клима уред кој работи согласно временските услови, телефон, мини бар (вода дополнувана секојдневно), сеф (со доплата), ламинатни подови, сателитска ТВ и музички канали, балкон.

Услуга: Сѐ вкучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна закуска, вечера, полноќна закуска, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 до полноќ, À la Carte ресторан со претходна резервација еднаш за време на престојот, бар со закуски на плажа од 10-17 часот. Не е вклучено: увозни пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, сите флаширани пијалоци.

Содржина: Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани: Mosaic - морска храна, Palm – турска кујна, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, перална, фризер, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се со доплата. WI-FI интернет во лоби е бесплатен.

Плажа: Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни.

Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни, фитнес центар, турска бања, сауна, гимнастичка сала, одбојка на плажа, пинг-понг. Со доплата се спортови на вода, тениски игралишта со рефлектори и опрема, билијард, масажи и центар за убавина. Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базенот и на плажа, вечерни шоу програми.

 

www.sural.com.tr

ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНА БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.

 


Fasilitetet

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Lokacioni