Trendy Verbena Beach

  1. Turkia
  2. Antalija
  3. Side
  • Trendy Verbena Beach
  • 46 fotografi
  • Plazh me rërë
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Fusha Tenisit
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Në plazh
  • Fitness & SPA

SENTIDO TRENDY VERBENA BEACH – 5* - EVRENSEKI – MANAVGAT Локација : Хотелот е наоѓа во регионот Евренсеки на 10 км од Манавгат и 60 км од аеродромот во Анталија Сместување : Вкупно 359 соби распоредени во 4 блока . Стандардни соби (28 м², спална соба, едно купатило, макс . 2+1 лице). Фамилијарни соби со кревети на спрат (28 м², спална соба со француски кревет + кревети на спрат за деца, едно купат

Rreth Trendy Verbena Beach

SENTIDO TRENDY VERBENA BEACH – 5* - EVRENSEKI – MANAVGAT


Локација: Хотелот е наоѓа во регионот Евренсеки на 10 км од Манавгат и 60 км од аеродромот во Анталија


Сместување: Вкупно 359 соби распоредени во 4 блока. Стандардни соби  (28 м², спална соба, едно купатило, макс. 2+1 лице). Фамилијарни соби со кревети на спрат (28 м², спална соба со француски кревет + кревети на спрат за деца, едно купатило, макс 2+2 лица). Фамилијарни соби (36 м², две спални одвоени со врата, една соба со дупли кревет, другата со софа и единечен кревет, едно купатило, макс. 3+1 лице). Апартмани (36 м², спална и дневна соба, едно купатило, макс. 4 лица). Сите соби имаат приватно купатило со туш и фен, бањарки, влечки, клима, телефон, минибар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, WI-FI, LCD TV со сателитски и музички канали, балкон.


Услуга: Ултра сѐ вклучено шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, утринска и попладневна закуска, ноќна закуска, ран појадок, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10.00-24.00 часот, диетеско бифе, сладолед во барот за закуски во одредено време, слаткарници, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот во еден од нив, бар со закуски на плажа од 10.00 – 18.00 часот. Не е вклучено: премиум и луксузни увозни пијалоци, специлјни вина, енергетски пијалоци, пијалоци во шише и во лименка, свежо цедени сокови, услуга во соба.


Содржини: Главен ресторан на база шведска маса, À la Carte ресторани: A la Turca – турска кујна,La Mimosa - италијански, La Tulipe – француска кујна, La Palapa - Mexican and Blue Waters – рибен ресторан, барови околу хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола се со доплта. WI – FI интернет е бесплатен насекаде низ хотелот.


Плажа:Хотелска приватна песочна плажа. Лежалки, чадори и крпи на плажа се бесплатни.


Спорт и забава: Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, слајдови на вода, фитнес центар, тениско игралиште, турска бања, сауна, парна соба, пинг понг, одбојка на плажа. Со доплата: спортови на вода, билијард, куглање, компјутерски игри, Спа центар и масажа,  осветлување на тениските терени и часови по тенис. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4-17 години, поделени по возрасни групи и со разни активности.


www.trendy.com.tr


ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНИ БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА



Fasilitetet

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Lokacioni