Turan Prince World

  1. Turkia
  2. Antalija
  3. Side
  • Turan Prince World
  • 39 fotografi
  • Plazh me rërë
  • Waterpark
  • 3 fëmi pa pagesë në hotel
  • Animacion
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Children friendly
  • Ideale për familje
  • Në plazh
  • Fitness & SPA

mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#253D82">CLUB HOTEL TURAN PRINCE WORLD - HV1 – KIZILAGAC – MANAVGAT mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333">Локација: mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333"> Хотелот се наоѓа во областа Calibri;mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333;mso-ansi-language:MK" lang="MK">Кизилагач на Calibri;mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333"> 75км о

Rreth Turan Prince World

CLUB HOTEL TURAN PRINCE WORLD - HV1 – KIZILAGAC – MANAVGAT

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Кизилагач на 75км од аеродромот во Анталија и 15км од античкиот град Сиде.

Сместување: Вкупно 688 соби во главна зграда, Select Вили и во Клуб зградите.


Хотелска главна зграда: Хотелски стандардни соби (29м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица), Хотелски дуплекс соби (44м²; на спрат спална соба со француски кревет, на долниот кат два двојни кревети, едно купатило, макс. 4+1 дете).

Клуб згради: Клуб стандардни соби (24-28м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица), Клуб дуплекс соби (40м², на спрат спална соба со француски кревет, на долниот спрат два двојни кревети, едно купатило, макс. 4+1 дете).

Select Вила област: Select стандардни соби (30м², една спална соба со француски кревет, еден единечен кревет и софа кревет, едно купатило, макс.2+2 лица), Select дуплекс соби (50м², на спрат еден француски кревет и едно купатило, долу двојни кревети и едно купатило разделени со врата, макс. 4+1 дете), Select јуниор апартман (45м² една спална соба и една дневна соба, едно купатило, макс. 3+1 деца), Select сениор апартман (65м², дуплекс, две спални соби, една дневна соба, две купатила, макс. 5+2 деца).

Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен и сет во купатило, централен клима уред кој работи според временските услови, сеф, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), сет за кафе и чај, LCD TV со сателитски канали, балкон или тераса, WI-FI интернет конекција.

Услуга: Сѐ вклучено - шведска маса со појадок, ручек и вечера, брза храна на плажа и во Aqua Snacks, попладневен чај, кафе, торти и полноќни супи, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, À la Carte ресторани ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот. Не е вклучено: сите увозни пијалоци, шампањ, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци, наргиле, услуга во соба и услуга за дополнителен пијалок. За гостите во типот на соби Select Вила има достапен select концепт.

Содржина: Sofra – главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани ресторани: Bellona Zargana – медитеранска кујна, Dragon – кинеска кујна, El Torito – мексиканска кујна, Paradise бар на плажа, лоби бар, Aqua Snack бар, Диско клуб. Докторски услуги, бебиситер, фризер, услуга за перење, услуга во соба, телефон и факс, интернет кафе, компјутерски игри, шопинг центар се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел и во собите.

Плажа: Хотелска приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце, душеци и пешкири на плажа.

Спорт и забава: Прекрасен аква парк со 14 лизгалки за возрасни и деца, отворени и затворени базени за ворасни и деца, полуолимписки базен, Fun Fair - забавен парк, тениски терени, мини голф, фудбал, кошарка, одбојка на плажа, пинг-понг, фитнес центар, сауна, Турска бања, соба со пареа, џакузи се бесплатни. Сите видови на спортови на вода, билијард, масажа, центар за убавина и СПА центар, обука за нуркање, компјутерски игри се доплаќаат. Забавни програми во текот на денот со натпревари на плажа и покрај базен, навечер различни шоу програми. Мини клуб за деца од 04-11 години и Јуниор клуб за деца од 12-17 години, мала зоолошка градина, мини диско навечер.


 


Хотелот е реновиран во 2015 (сите објекти, купатила, мебел во сите соби) / 2019 (сите соби во главната зграда) / 2020 (клубските дуплекс соби)


www.turanprince.com.tr


 


ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНИ БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА.


 



Fasilitetet

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Lokacioni