Turquoise Hotel

  1. Turkia
  2. Antalija
  3. Side
  • Turquoise Hotel
  • 37 fotografi
  • Aqua park
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Pishinë të mbrendshme
  • Children friendly
  • Ideale për familje
  • Pishinë e hapur
  • Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
  • Fitness
  • Në plazh
  • Fitness & SPA

color:#253D82">TURQUOISE HOTEL - 5* - SORGUN – SIDE color:#253D82"> Calibri;mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333">Локација mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333">: Хотелот се наоѓа во областа Соргун mso-bidi-font-family:Calibri;mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#333333; mso-ansi-language:MK" lang="MK">на mso-bidi-font-family:Calibri;mso-bidi-theme-font:minor-latin;color:#33333

Rreth Turquoise Hotel


TURQUOISE HOTEL - 5* - SORGUN – SIDE


 


Локација: Хотелот се наоѓа во областа Соргун на 3,5 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.


Сместување: Вкупно 486 соби во главна зграда, анекс згради и Lake Houses. Делукс соби (27-28 м², во главна зграда, една спална соба, купатило, макс. 2+1 лица). Делукс фамилијарни соби (45-52 м², во главна зграда, две спални соби, купатило, макс. 4 лица). Garden Block стандардни соби (27-28 м², во градината, една спална соба, едно купатило, макс.2+1 лица). Garden Block фамилијарни соби (42-43 м², во градината, две спални соби, макс. 4 лица). Lake Houses се наоѓаат во градината каде што гостите имаат ВИП услуга.


Сите соби се опремени со купатило со туш, фен, бањарка, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, под со ламинат, мини бар (вода, минерална вода и безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, ЛСД ТВ со сателитска програма и музички канали, балкон или тераса. WI- FI интернет е бесплатен.


Услуга: Ултра Сѐ вклучено  – шведска маса за појадок, доцен појадок, утрински закуски, ручек, попладневен чај, кафе, торти, вечера, ноќни закуски, свежо цедени сокови само за појадок, локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, детско бифе, три À la Carte ресторани се бесплатни со претходна резервација и еднаш во текот на престојот само во еден од нив, детско бифе, дел за бебешка храна, диететска храна, бар на плажа. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, ексклузивни вина, Bougainvillea, Steak House и Napolitan À la Carte ресторани, флаширани пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, наргиле.


Содржина: Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани – италијанска кујна (за деца под 12 години не е дозволен влез), кинеска и турска кујна, рибен ресторан, Steak House, Begonvil ресторан само за гостите сместени во Villa Houses. Барови околу хотелскиот комплекс кои служат пијалоци. Со доплата: доктор, чување деца, перална, фризер, продавници, телефон, интернет и интернет кафе, комјутерски игри, изнајмување кола. WI-FI интернет конекцијата во лобито, собите, областа околу базенот и во вилите е бесплатна.


Плажа: Хотелска приватна плажа со песок и ситни камчиња. Лежалките, чадорите за сонце и крпите се бесплатни.


Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, базен само за возрасни (+16), аква парк со лизгалки на вода за возрасни и деца, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг-понг се бесплатни. Со доплата: масажа, спа центар, билијард, куглање, осветлување за тениските терени, часови по тенис, спортови на вода. Забавни програми, натпревари во текот на денот и шоу програми во текот на вечерните часови. Мини клуб за деца од 4-16 години поделени во групи според возраста, со програми во текот на денот и вечерните часови.


www.turquoise.com.tr


 


ЗАБЕЛЕШКА: ПОРАДИ НОВИТЕ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД КОВИД-19, ХОТЕЛОТ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПРОМЕНА НА НЕКОИ СОДРЖИНИ БЕЗ ПРЕТХОДНА НАЈАВА


Fasilitetet

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Lokacioni