Golden Age Yalikavak Boldrum

• Golden Age Yalikavak Boldrum
• 19 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Golden Age Yalikavak Boldrum

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Хотелот се наоѓа во Јаликавак покрај плажа и на само 5 минути со кола до центарот и марината, 20 км од Бодрум и 40 км од аеродромот во Бодрум.

• Сместување

Хотелот располага со 341 соба во главна, анех и клуб зграда која се наоѓа во градината.

• Стандардните соби се наоѓаат во главната зграда – 33 м², со поглед на море или градина, макс. 2-3 лица (може да се стави дополнителен кревет во соба).
• Апартмани (2+2), во главната зграда, со две спални соби – во едната дупли кревет, а во другата два единечни кревета, дневна соба.
• Јуниор апартмани (2+2), со поглед на море, во главна зграда, една спална соба, една дневна соба.
• Анекс собите се наоѓаат во новата (анекс) зграда – 22 м², со поглед на море или градина, една сплана, едно купатило, макс. 2 лица.
• Клуб соби 24 м² (2-3 лица), сите соби имаат поглед на градина, една сплана со дупли или два единечни кревета, едно купатило.
• Фамилијарни соби 40 м², две спални соби – едната со дупли кревет, а другата со два единечни кревета ,едно купатило (3 возрасни или 2 + 2 деца).

Сите соби имаат приватно купатило со туш, фен, сплит клима, телефон, мини бар (со доплата), LCD TV, француска тераса или балкон. Хотелот е реновиран во 2019 година.

• Услуга

All Inclusive шведска маса за појадок, ручек, вечера. Во концептот на хотелот се вклучени и попладневни колачи и торти (16.00-17.00), ужина кај базенот (12.00-17.00), сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци. Покрај главниот ресторан, има и 2 À La Carte ресторани (турски и рибен) – еднаш бесплатни за време на престој од 5 ноќевања со претходна резервација. Покрај ресторанот, гостите може да ги користат услугите на 4 бара (лоби бар, бар на базаен, снек бар и Бандана бар). Со доплата се увозни и премиум пијалоци и сѐ она што не е вклучено во хотелскиот концепт.

• Плажа

Хотелот има своја песочна плажа и платформа, долга 150м со сино знаменце. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. На плажата има туш, гардеробер, тоалет.

• Спорт и забава

Хотелот има два отворени базени за возрасни, затворен базен, 2 базена за деца, аква парк (за возрасни 5 различни лизгалки, а за децата посебен базен со различни форми на лизгалки), фитнес центар, одбојка на плажа, пинг понг, билијард, дневни и вечерни забавни програми. WI-FI интернет е достапен во хотелскиот комплекс. Со доплата се часови за нуркање, спортови на вода, сервис за перење и пеглање алишта, услуга за чување деца. Турска бања и сауна се користат бесплатно, а се доплаќа за масажа и останати третмани. Со доплата е и доктор, фризер, продавници. Мини клуб за деца од 04-12 години, игралиште, активности за деца.

• Внимание

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni