Latanya Park Resort

  1. Turqi
  2. Egjeu turk
  3. Bodrum
  • Latanya Park Resort
  • 37 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Rreth Latanya Park Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа на околу 40 км од аеродромот Милас и 16 км од Бодрум.

  • Сместување

    Вкупно 204 соби во 5 блокови.

    Клуб Стандардни соби (16 м², една спална, купатило, макс. 2 +1).

    Стандардни соби во главната зграда (16 м², еден дупли или два единечни кревета, бебешко креветче достапно на барање, макс. 2+1).

    Клуб Фамилијарни соби (30м², две посебни спални соби, купатило, макс. 3+2).

    Сите соби имаат приватно купатило со туш, централна клима, телефон, фен, мини бар (со доплата), ламинатен под, балкон или тераса.

  • Услуга

    Сѐ Вклучено – шведска маса за појадок, ручек и вечера, вода, кафе, чај, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци, торти и колачи во одредено време, закуски, доцен појадок, полноќна закуска.

    Со доплата се À la carte ресторан (рибен), увозни пијалоци, флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, и сѐ останато што не е наведено во концептот.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, барови во хотелскиот комплекс, À la carte ресторан.

    Доктор, чување деца, перење алишта, фризер, интернет катче, такси, фотограф, продавници се со доплата. Wi-Fi интернет е достапен на јавните површини во хотелот.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со камчиња. На плажата има и платформа долга 123м. Лежалки и чадори се бесплатни, а крпите се со депозит.

  • Спорт и забава

    Отворен базен за возрасни и посебен базен за деца со мал аква парк, фитнес, пикадо, пинг понг, аеробик.

    Со доплата се СПА центар и центар за убавина, туркса бања, масажи,  спортови на вода, билијард.

    Забавни програми во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Fasilitetet

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Lokacioni