Lonicera World Hotel
- Turqi
- Antalija
- Alanija

- 27 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +38923238081 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<br/
Rreth Lonicera World Hotel

Положба
Хотелот се наоѓа во областа Инчекум на 98км од аеродромот Анталија и 20км од Аланија.

Сместување
Вкупно 823 соби во распоредени во 4 блока.
- Стандардни Соби: (24м², 1 спална соба, 1 купатило, макс. 2+1 лице).
- Фамилијарни Соби: (44м², 1 поголема соба или 2 оделни спални одвоени со врата, 1 купатило, макс.4 лица).
Сите соби се опремени со сопствено купатило со туш кабина и када, фен, клима, телефон, сателитска ТВ и музички канали, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување, подоцна само вода), сеф (со доплата), балкон.

Услуга
Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, закуски во текот на денот, ручек, вечера, попладневни закуски, касно бифе во Lonicera Ресортот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци до 02.30, некои увозни пијалоци, сладолед во одредени часови од денот. Со доплата: сите други увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, енергетски пијалоци, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторан со претходна резервација и со доплата, влезници во диско.

Содржини
Главен ресторан со шведска маса, бар во лоби и покрај базен, снек бар, À la Carte ресторани – Kebab House (турски), Camlik (рибен), диско бар (се плаќа влезница, пијалоците се бесплатни). Доктор, перална, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во лобито е бесплатна.

Плажа
Приватна песочна плажа. Лежалки и чадори за сонце, пешкири за плажа, душеци се бесплатни. Приватните павилјони се доплаќаат.

Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, водни лизгалки, одбојка, пинг понг, кошарка, фитнес центар, тениски игралишта, турска бања, сауна, парна бања. Се доплаќаат: спортови на вода, билјард, масажа, осветлување на тениските терени, куглање, билјард, компјутерски игри, салони за убавина, 105 х 55м професионални фудбалки терени. Дневни и вечерни анимации, натпреварувања покрај базените и плажите, вечерни шоуа. Мини клуб за деца од 04-12 год. со специјални програми во текот на денот и ноќта.

ЗАБЕЛЕШКА:
Гостите може да ги користат сите содржини на Lonicera Resort & Spa Hotel, освен главниот ресторан.
Веб страна на хотелот
Fasilitetet

За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца

Плажа
- Лежалки за плажа