Club Prive By Rixos Belek

  1. Turqi
  2. Antalija
  3. Belek
  • Club Prive By Rixos Belek
  • 43 fotografi
  • Rrethuar me gjelbërim
  • Plazh me rërë
  • WiFi falas
  • Fusha Tenisit
  • Luksoze
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Pishinë e hapur
  • Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
  • Në plazh
  • Fitness & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Rreth Club Prive By Rixos Belek

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Клуб Prive - Rixox се наоѓа меѓу боровите покрај Средоземното Море во Белек, на 50 км од Анталија и на 40 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Постојат повеќе видови сместување.

    Club Villa (164м², со три спални соби, секоја со сопствено купатило со туш, фен за коса, една дневна соба, голема тераса и приватен дел за сончање, фрижидер со безалкохолни пијалоци, индивидуален систем за климатизација, сеф, мермер и тепих на подот, кујна, во секоја соба мини бар, исто така ТВ сателитски пренос во секоја просторија, директен пристап до големиот базен кој се споделува со сите гости од Club вилата).

    Villa Prive (264м², приватна градина и приватен базен, 4 спални соби со купатила со туш кабина, фен за коса, една дневна соба, приватен отворен базен со приватна површина за сончање, мини бар во секоја просторија, фрижидер со безалкохолни пијалоци, кујна, мермер и тепих на подот, индивидуален систем за климатизација, сеф, сателитска ТВ во секоја просторија).

    Paris Residence – 545м² со просторен и удобен простор за живеење и ве тера да се чувствувате привилегирано. Вилата располага со сопствен базен со површина за сончање, приватен павилјон на плажа, 5 спални соби со купатила со када и туш, џакузи во една бања и туш кабина, фен за коса, мини бар во секоја просторија, дневна соба, фрижидер со безалкохолни пијалоци, индивидуален систем за климатизација, сеф, мермер и тепих на подот, камин, приватен надворешен и внатрешен базен (загреан), приватен павилјон во градината и на плажа, приватно пристаниште, ТВ со сателитско емитување во секоја просторија, ДВД-филмски театар.

    Helen Residence - 613м², во класичен стил, со 6 спални соби со купатила, со сопствен базен надворешен и внатрешен, сопствена градина, соба за дневен престој, фрижидер со алкохолни и безалкохолни пијалоци, кујна, мини бар во секоја соба, камин, мермер и тепих, кревет за масажа, приватен павилјон во градината и на плажа, ТВ со сателитска програма во секоја соба.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено - Органски појадок во Club House или во гостинската вила, ручек или вечера во Club House или The Beach Lounge - Менито À la Carte е достапно со храна за ужина, скара и салати, морски плодови и десерти, разни коктели и голем избор на вина.

    Еден привилегиран павилјон, трансфер на аеродроми (Анталија), сад со овошје секој ден, мини бар со безалкохолни пијалоци, местење на креветот, WI-FI интернет во вилите и на јавните површини, бањарка и влечки, крпи за плажа, избор на перници, консиерж услуга на располагање 24 часа, влез и трансфер во Land of Legends Theme Park (пливање со делфини, сите лизгалици на вода, нуркање, бесплатен влез на концертите, еднаш неделно вечера во еден од рестораните „Land of Legends À la Carte“).

    Не се вклучени: услуга во соба, приватна вечера, продавници, перење и хемиско чистење, чување деца, приватен фитнес тренер, СПА, изнајмување приватен авион, хеликоптер и јахта.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, ресторан и бар на плажа, À la Carte ресторани: Butcher (стек ресторан), La Prima (италијанскa), Red Far East (кујна од Далечниот исток), ресторан со скара, El Porto (мексикански) и Lagos (рибен) со претходна резервација. Барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, перална и хемиско чистење, чување дете, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се со доплата. Wi - Fi интернет е бесплатен.

  • Плажа

    Хотелска песочна плажа. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Павилјоните се со претходна резервација и со доплата.

  • Спорт и забава

    Две тениски игралишта, јога, пилатес, фитнес центар, сауна, парна соба, масажа и СПА.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Fasilitetet

  • Спорт и забава
    • Сала за вежбање (Теретана)
    • Тенис
  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа
  • Ресторани и барови
    • Ресторан

Lokacioni