Crystal Boutique HV2

  1. Turqi
  2. Antalija
  3. Belek
  • Crystal Boutique HV2
  • 21 fotografi
  • Plazh me rërë
  • WiFi falas
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Pishinë të mbrendshme
  • Vetëm për të rritur
  • Pishinë e hapur
  • Fitness
  • Në plazh
  • Fitness & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Rreth Crystal Boutique HV2

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во Богазкент на 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 76 соби во 14 згради на два ката.

    Стандардни соби (21 м², една спална соба со француски кревет, едно купатило, макс. 2+1 лица).

    Супериор соби (44 м², две одвоени спални соби, едно купатило, макс.4 лица).

    Сите соби се со купатило со туш кабина и фен, влечки, систем за климатизација, телефон, мини бар (се дополнува со безалкохолни пијалоци секој ден), сет за кафе и чај, сеф, плочки на подот, TV со сателитски програми и музички канали, интернет конекција WI-FI интернет, балкон.

  • Услуга

    Ultimate Сѐ вклучено - 24 часа храна и пијалоци. За добредојде во хотелот се послужува традиционален турски пијалок шербет и крпи за освежување, појадок, доцен појадок, ручек, вечера, диетeтско бифе, вегетаријанска храна, безглутенски леб и ужинки, ресторани за закуски во текот на денот, попладне торта, чај и кафе, сладолед во текот на денот, локални алкохолни и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

    Не се вклучени во концептот: премиум алкохолни пијалоци, интернационални и специјални вина, флаширани пијалоци и во лименка, услуга во соба, свежо цедени сокови,сите вина, шампањ и посебни порачки во À la carte рестораните (освен вино на точење).

  • Содржини

    Главен ресторан и À la Carte ресторан. Со доплата се доктор, перална и хемиско чистење, фризер, продавници, телефон, факс, интернет ќоше, изнајмување кола. WI-FI во целиот хотел е бесплатно.

  • Плажа

    Приватна песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.

  • Спорт и забава

    Отворени базени за возрасни, тениски игралишта, одбојка, кошарка, одбојка на плажа, мини голф, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања се бесплатни. Со доплата:  масажа, СПА центар, СПА базен, спортови на вода, осветлување за тениски игралишта, куглање, билијард, професионално фудбалско игралиште.

    Забавни програми со професионален тим во текот на денот и специјални забавни програми во вечерните часови, кино.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Fasilitetet

  • Плажа
    • Лежалки за плажа
  • Ресторани и барови
    • Ресторан

Lokacioni