Xanadu Resort Hotel

  1. Turqi
  2. Antalija
  3. Belek
  • Xanadu Resort Hotel
  • 47 fotografi
  • Rrethuar me gjelbërim
  • Plazh me rërë
  • Aqua park
  • WiFi falas
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Fusha Tenisit
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Children friendly
  • Ideale për familje
  • Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
  • Në plazh
  • Fitness & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Rreth Xanadu Resort Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Белек, 40 км од аеродромот во Анталија и 50 км од центарот на Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 421 соби во главната зграда и бунгалови.

    Стандардни соби во главна зграда (26м², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2 + 1 лице).

    Јуниор апартмани во главна зграда (45м², една спална соба и една дневна соба одвоени со врата, едно купатило, макс.3 + 1 лице).

    Стандардни соби во бунгалов (26м², една спална соба, едно купатило, поглед на градина, макс.2 + 1 лице).

    Фамилијарни соби со 1 купатило во бунгалов (45м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило.4 лица).

    Фамилијарни соби со 2 купатила во бунгалов (52м², две спални соби одвоени со врата, две купатила, макс. 4 + 2лица).

    Фамилијарен апартман во бунгалов (63 м², две спални соби, една дневна соба, едно купатило, макс.4 + 2 лица).

    Голф апартман (90 м², лоциран на најгорниот кат од главната зграда, две спални соби поврзани со врата, една дневна соба, две купатила, голема тераса, макс. 4+2 лица).

    Претседателски апартман (164 м², лоцирани на горниот кат во главната зграда, две спални соби, голема дневна соба, дел со кујнски елементи, две купатила, голема тераса, макс.6 лица).

    Претседателска вила (153 м²,   лоцирана во градината, два ката, три одвоени спални соби, три купатила, целосно опремена кујна, трпезарија и соба за дневен престој, голема тераса, приватен базен, макс 6 лица).

    Сите соби имаат приватно купатило со туш, када, фен за коса, централен систем за климатизација, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода, минерална вода, пиво,  вафли, чоколадо се надополнуваат секој ден), кафе и чај, сеф, LCD телевизор со сателитски програми, тепих на под, паркет во бунгаловите, балкон, Wi-Fi конекција.

  • Услуга

    High Class сѐ вклучено – 24 часа храна и пијалоци, шампањ за добредојде во лоби, висококвалитетна услуга во сите ресторани. Целата храна и пијалоци се вклучени во оваа услуга - локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, детско бифе, диететско бифе, вегетаријанско бифе, безглутенски оброци на барање, свежо цедени сокови, сладолед, À la Carte ресторани – Dolce Vita (италијански), Kebab house (турски)  се со претходна резервација и еднаш за време на престојот.

    Не се вклучени: Премиум виски,V.S.O.P. специјални локални и увозни вина, À la Carte ресторани: Uskuna, La Cascada, Els Pescadors, Dragon се со претходна резервација и со доплата, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан – Ipek Yolu, шведска маса, À la Carte ресторани: La Cascada (француски) Dragon (азиски), Dolce Vita (италијански), Uskuna (рибен ресторан), Uzbek (узбекистански), Els  Pescadors (мексикански), Kebab House (турски). À la Carte рестораните имаат посебен ден за резервација за семејства со деца до 12год, барови низ хотелскиот комплекс, ресторан покрај базен и снек ресторан на плажа.

    Доктор, чување деца, фризер, продавници, телефон, факс, интернет, изнајмување кола, перална и хемиско се дополаќа. Wi-FI интернет е бесплатнен во целиот хотел и на плажа.

  • Плажа

    Приватна плажа на хотелот. Лежалки, чадори за сонце, крпи на плажа се бесплатни. Има река помеѓу хотелот и плажата и се поминува мост. Приватните павилјони на плажа се со претходна резервација и доплата.

  • Спорт и забава

    Отворен и затворен базен за возрасни и деца, аква парк, турска бања, сауни, парни бањи, џакузи, пет тениски терени, фитнес центар, одбојка, кошарка, одбојка на плажа.

    Се доплаќа: Масажа, центар за убавина, Shang-Du СПА центар, нега на кожата, спортови на вода, часови за тенис, осветлување, куглање, компјутерски игри, интернет-кафе, терени за голф.

    Забава во текот на денот покрај базен и на плажа во вечерните часови убави шоу програми со талентирани шоу групи, музика во живо. Мини клуб Fancy Land за деца од 0-14 години организиран во групи по возраст, луна парк, детско игралиште, детски аква парк, забавен парк. Специјален пакет за бебиња за гостите со мали бебиња.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Fasilitetet

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Lokacioni