Akka Antedon Hotel
- Turqi
- Antalija
- Kemer
-
-
-
-
-
- 61 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Rreth Akka Antedon Hotel
-
Положба
Хотелот се наоѓа во регионот Белдиби на 15 км од Кемер, 30 км од центарот на Анталија и 41 км од аеродромот.
-
Сместување
Собите се распоредени во два главни блока, еден фамилијарен блок и 7 вили. Хотелот располага со 507 соби.
Стандардни соби (30- 42 м²; една спална соба, едно купатило, макс. 3 лица) вклучувајќи 12 конектирани соби и 5 соби за лица со попреченост.
Супериор соби (42 м², сместени во главната зграда, една спална и едно купатило, ВИП бесплатна услуга – бањарка, бесплатно користење на еден À la Carte ресторан еднаш во текот на престојот, мини бар, корпа со овошје, макс. 3 лица).
Фамилијарни соби (40-52 м²; се наоѓаат во фамилијарниот блок, две спални соби одвоени со врата и едно купатило, макс.4 лица).
Дуплекси (52-63 м²; лоцирани во главната зграда, две спални соби и две купатила, макс.4 лица).
Сите соби се со купатило со туш, када, фен, влечки, централна климатизација која работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво се полни секој ден), сет за чај и кафе, сеф, бањарка, Wi-Fi интернет, сателитска ТВ и музички канали, балкон.
-
Услуга
Премиум Ултра Сѐ Вклучено – пијалок за добредојде со турски слатки закуски, крпи за освежување на рецепција по пристигнувањето. Шведска маса за појадок, доцен појадок, утринска ужина, ручек, попладневна ужина, колачи, вечера, доцна вечера, закуска и ран појадок.
Постои можност да се направи храна за бебиња по родителски рецепт (апарат за загревање на детска храна, стерилизација на шише за бебиња, микробранова, блендер достапни во детскиот ресторан) Има катче за здрава исхрана подготвена од нутриционист.
Сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, топли напитоци, свежо цеден сок од портокал само појадок, фрижидери околу хотелскиот комплекс со вода и безалкохолни пијалоци.
Не е вклучено: премиум пијалоци, специјални вина, шампањ, свежо цедени сокови (освен за појадок), енергетски пијалоци, флаширани пијалоци, услуга во соба, специјално мени за торти, À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата.
-
Содржини
Главен ресторан - Шведска маса, À la Carte ресторани со Safran – турска кујна, Gulet – рибен ресторан, Olive – италијанска кујна, Pasha- француска кујна (само за возрасни и прима деца еднаш неделно), ресторан Ala Meze House (различни турски предјадења и гурманско мени), барови низ целиот хотелски комплекс.
Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, продавници, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се наплаќа. WI-FI интернет конекција (ниска брзина) во собите, лобито, и јавните површини е бесплатна.
-
Плажа
Приватна плажа на хотелот со камчиња и песок, со бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа. Павилјоните и кабаните на плажа се со претходна резервација и со доплата.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа, мини фудбал, пинг-понг се бесплатни.
Wellness & SPA центар, масажа, осветлување на тениски терени, тениска опрема, спортови на вода, билијард се доплаќаат.
Забавни програми во текот на денот, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, кино и музика во живо. Мини-клуб за деца од 4 – 16 години организирани од стручен кадар (во групи според возраст), детски базен, игралиште, кино, разни забави.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Fasilitetet
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа