Amara Luxury Resort

  1. Turqi
  2. Antalija
  3. Kemer
  • Amara Luxury Resort
  • 36 fotografi
  • SPA & Wellness
  • Rrethuar me gjelbërim
  • Aqua park
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Fusha Tenisit
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
  • Kids free
  • Plazh me rërë dhe guralecë
  • Fitness
  • Në plazh

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Rreth Amara Luxury Resort

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 9км од Кемер и 45 од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 426 соби во главната зграда и вили.

    Супериор соби (42 м², една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс.2+2 лица).

    Промо соби (исти како супериор, но без балкон, само со прозор).

    Фамилијарни соби (82 м², една спална соба со француски кревет, една дневна соба одвоена со врата и со две софи за деца, едно купатило, макс.3+1 лице).

    Големи соби (65 м², една спална соба со еден француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило и простор за седење, макс.3 лица) и 3 соби за лица со попреченост.

    Executive Suit (105 м², две спални одвоени со врата, две купатила, дневна соба, макс.4+1 лица).

    Penthouse (122 м², две спални соби, две купатила едната со џакузи, дневна соба и кујна, без балкон, макс.4+ 1лица),

    Junior Penthouse (122 м², една спална соба, две купатила - едното е со џакузи, дневна соба и кујна, без балкон, макс.2+2 лица).

    Вила област:

    Junior Villa (110 м², две спални соби, една дневна соба, две купатила, кујна, тераса и користење на заеднички базен, макс. 4 лица),

    Monte Carlo Villa (220 м², три спални соби, една дневна соба, кујна, три купатила, соба за батлер, тераса и користење на заеднички базен, макс. 6 лица),

    Bali Villa (220 м², три спални соби, една дневна соба, три купатила, кујна, приватна градина со тераса и базен, соба за батлер, макс. 6 лица).

    Hawai Villa (220 м², три спални соби, една дневна соба, три купатила, кујна, приватна градина со тераса и базен, соба за батлер, овие соби се на првиот ред до плажата, макс. 6 лица).

    Сите соби се со сопствено купатило со када, туш кабина, фен за коса, влечки, централен систем за климатизација, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, пиво, вино, јаткасти плодови и чипс се полнат секој ден), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, LCD телевизор со сателитски и музички канали, балкон, тепих на подот, WI-FI интернет конекција.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено – 24 часовна услуга за храна и пијалоци, шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски доцна навечер, закуски во текот на денот во снек бар покрај плажа, слаткарница, сладолед, специјално катче за деца во главниот ресторан и во мини клубот, дел со диететска и здрава исхрана, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци.

    Не се вклучени: Премиум увозни пијалоци, пијалоци кои не се на списокот, специјални вина и други специјални пијалоци, свежо цедени сокови, À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата, сите флаширани пијалоци и лименки, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, седум À la Carte ресторани со Filika - морска храна, Anatolian – турска, Bella Gusto - италијанска кујна, снек бар на плажа, барови околу хотелскиот комплекс, слаткарница, Бистро. Доктор, перење алишта и хемиско чистење, чување деца, продавници, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, изнајмување коли се доплаќаат.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со камчиња и песок. Лежалки, чадори за сонце и крпи за плажа се бесплатни. Calipso Pavilion Club е со претходна резервација и доплата.

  • Спорт и забава

    Хотелот има четири отворени базени и еден затворен за возрасни и деца, Аква парк, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка на плажа, пинг понг, мини фудбал, кошарка, гимнастика. Со доплата: SPA & Wellness центар, осветлување на тениски терени и опрема за тенис, спортови на вода, куглање, билијард, центар за игри.

    Забавни програми со стручен тим, многу натпревари и игри покрај базен и на плажа преку ден, навечер различни шоу програми, музика во живо, кино. Мини клуб за деца поделени во групи по возраст од 4 - 12 години со различни активности и програми во текот на денот и навечер.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Fasilitetet

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Lokacioni