Amara Comfort Resort Kemer

  1. Turqi
  2. Antalija
  3. Kemer
  • Amara Comfort Resort Kemer
  • 66 fotografi
  • Rrethuar me gjelbërim
  • Aqua park
  • WiFi falas
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Fusha Tenisit
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
  • Plazhi me guralecë
  • Në plazh
  • Fitness & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Rreth Amara Comfort Resort Kemer

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во регионот Гојнук на 6 км од Кемер и 45 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 356 соби во главната зграда и во градината.

    Стандардни соби во главна зграда (22-23 м², една спална соба со француски кревет + еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лица).

    Фамилијарни соби во главна зграда (22-35 м², две спални соби одвоени со врата - една со француски кревет, друга со еден единечен кревет + една софа, едно купатило, макс. 4 лица).

    Супериор соби со поглед на море во главна зграда (22-35 м², една голема спална соба со француски кревет + еден единечен кревет + една софа, едно купатило, макс. 4 лица).

    Стандардни соби во градина (20-23 м², една спална соба со француски кревет + единечен кревет + дополнителен кревет, едно купатило, макс.2+2 лица).

    Фамилијарни соби во градина (22-35 м², две посебни спални соби, во едната спална има француски кревет, во другата има два единечни кревети или софа, едно купатило, макс.4 лица).

    Сите соби се со сопствено купатило со туш кабина, фен, бањарка, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, мини бар (само вода и безалкохолни пијалоци при пристигнување), електричен бокал, сет за чај и кафе, сеф, сателитска ТВ и музички канали, паркет или керамички под и балкон.

  • Услуга

    Ултра сѐ вклучено - шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, закуски во текот на целиот ден, попладне колачи, вечера, закуска доцна навечер, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови во текот на денот, свежо цеден сок само за појадок, бар на плажа од 10:00 – 18:00 часот.

    Не се вклучени: премиум увозни пијалоци, пијалоци кои не се на мени листата, специјални вина, свежо цедени сокови, À la Carte ресторани со претходна резервација и услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан за шведска маса, À la Carte ресторани со турски, италијански и рибен ресторан, бар покрај базенот и на плажа, Диско бар, кафуле, лоби бар.

    Доктор, чување деца, перална и пеглање, телефон, факс, интернет катче, продавници, компјутерски игри, фризер, изнајмување кола се доплаќа. WI-FI интернет е бесплатен на сите јавни површини, во собите и лобито.

  • Плажа

    Хотелска приватна плажа со камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни.

  • Спорт и забава

    Надворешни и внатрешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна соба, игри покрај базен, одбојка на плажа, тениски терени, пинг-понг, гимнастик.

    Со доплата: спортови на вода, SPA & Wellness центар, осветлување на тениски терени и опрема.

    Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базенот, специјални програми и шоу со професионален тим во вечерните часови. Мини клуб за деца од 4- 12 години со програми во текот на денот и навечер.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Fasilitetet

  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Lokacioni