Crystal Centro
- Turqi
- Antalija
- Lara
-
-
-
-
-
- 48 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Rreth Crystal Centro
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Кунду, 14 км од центарот на Анталија и 12 км од аеродромот.
-
Сместување
Вкупно 400 соби.
Стандардни соби (28 м², една спална, едно купатило, макс. 2 лица).
Јуниор апартмани (35 м²; една спална соба со француски кревет, една дневна соба со софа и кревет на расклопување, собите се одвоени со врата, едно купатилото, макс. 2+2 лица, сите се со поглед копно)
4 соби за лица со попреченост.
Сите соби се со купатило со туш кабина, фен, влечки, централен клима уред кој работи според временските услови, телефон, сеф, мини бар (вода и безалкохолни пијалоци се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сателитска ТВ и музички канали, бесплатна wi-fi интернет конекција и балкон.
-
Услуга
Ultimate Сѐ вклучено - шведска маса за појадок, ручек, вечера, закуски наутро и попладне, ресторан со ужина крај базенот - храна и пијалоци 24 часа, детска и диететска исхрана, безглутеински леб, веганско мени, локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, ресторан на плажа со ужина, Beer garden, À la Сarte ресторани ( турски и италијански) со претходна резервација и само еднаш за време на престојот.
Не се вклучени: луксузни увозни пијалоци, специјални вина и шампањ, сите флаширани пијалоци, наргиле, услуга во соба, спакуван оброк, сите вина, шампањ и специјални пијалоци во À la Сarte рестораните (освен трпезно вино), морска храна во À la Сarte рестораните.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турски, рибен, италијански, барови низ хотелскиот комплекс, ресторани со ужина, Beer Garden.
Доктор, перална и хемиско чистење, чување деца, изнајмување кола, телефон, факс, салон за убавина, фризер, продавници се наплатуваат.
Бесплатен Wi-Fi интернет.
-
Плажа
Песочна хотелска плажа со лежалки, чадори за сонце и крпи кои не се наплатуваат. Павилјоните се со резервација и со доплата.
-
Спорт и забава
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, лизгалици на вода, базен со бранови, фитнес центар, турска бања, сауна, тениско игралиште, кошарка, терен за мал фудбал, одбојка на плажа, мини голф, пинг понг, пикадо.
SPA & Wellness центар, часови по тенис, осветлување на тениски терени, билијард, спортови на вода, школа за нуркање дополнително се наплатуваат.
Забавни програми за деца и возрасни во текот на денот и шоу програми навечер. Crispy Children’s World за деца од 00-16 години, поделени по групи со дневни и вечерни програми, детско игралиште, мини кино, вечерно мини диско.
Хотелот е реновиран во 2019 год.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Fasilitetet
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца
-
Плажа
- Лежалки за плажа