Royal Holiday Palace
- Turqi
- Antalija
- Lara
-
-
-
-
-
- 46 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Rreth Royal Holiday Palace
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара, на 17 км од центарот на Анталија и 15 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 604 соби.
Супериор стандардни соби (46 м², една спална со еден француски кревет + еден единечен, купатило, макс. 3+1 дете).
Делукс апартмани (85 м², две спални и една дневна одвоена со врата, две купатила (едно е со туш кабина, другото со када, а повеќето се со џакузи, макс. 4 лица).
Дуплекс фамилијарни соби (75 м², на приземје, два одвоени кревети и купатило со туш, на спрат - брачен кревет, купатило со када, нема врата како галерија, макс. 4 лица).
Јуниор апартмани (60 м², дневна и спална соба, купатило со када, макс. 2+1 дете).
Конектирани фамилијарни соби (60 м², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс. 4 лица).
Делукс апартмани (85 м², две посебни спални и една дневна соба одвоени со врата, две купатила, повеќето од овие соби се со џакузи, макс. 4 лица).
Кралски апартман (180 м², на горниот кат спална за родители и купатило со џакузи, доле спална за деца, купатило со туш, дневна и мала кујна, макс. 4 лица)
6 соби за лица со попреченост.
Собите се со купатило со када и туш, фен, централен клима систем кој работи според временските услови, телефон, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнува секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет, тепих на подот, балкон и сите соби се за непушачи.
-
Услуга
Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ноќни ужини, храна за деца, диететска храна, ужина и рестораните на плажа во текот на денот, локални и стандардни алкохолни и безалкохолни пијалоци, слатки, сладолед во текот на денот.
Луксузните увозни пијалоци, увозен шампањ, свежо цедените и сокови од зеленчук, специјалните вина, услуга во соба, домашни и увозни фалширани вина и À la Сarte ресторани со претходна резервација се наплатуваат.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани - Ottoman - турски, Verona -италијански, Asia - азиски, мексикански и рибен ресторани, BBQ ресторан, барови низ хотелскиот комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола дополнително се наплаќаат. Бесплатен интернет до 1GB.
-
Плажа
Хотелска плажа со песок и ситни камчиња. Лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа се бесплатни. Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.
-
Спорт и забава
Надворешени и внатрешни базени (затворен во летната сезона) за возрасни и деца, аква парк со 8 лизгалки, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски игралишта, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг. Спортови на вода, осветлување на тениските игралишта, куглање, билјард, Спа и Велнес центар, салон за убавина, масажа дополнително се наплатуваат.
Забавни програми преку целиот ден, натпревари покрај базен и на плажа, вечерни шоу програми, жива музика неколку пати во неделата. Мини клуб за деца со специјална програма и забавен парк за деца (не е дозволен за деца до 7 години).
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Fasilitetet
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца