Titanic Deluxe Lara
- Turqi
- Antalija
- Lara
-
-
-
-
-
- 45 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Rreth Titanic Deluxe Lara
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Лара на 12 км од центарот на градот и 10 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 640 соби во главна и споредни згради во градината. Главна зграда:
Стандардни соби (26 м², главна зграда или анекс, една спална соба со француски кревет + софа, едно купатило, макс.2+1 лице).
Анекс фамилијарни соби (39 м, лоцирани кај океанскиот базен и детскиот базен во двокатни згради, долниот кат има една главна спална соба и втора соба со кревети на кат, горниот кат на фамилијарните соби има една главна соба и втора соба со два единечни кревети, сите соби се со врата помеѓу, макс.4 лица.
Јуниор апартмани (65-85 м², главна зграда, една спална соба, едно купатило, простор за седење, макс. 3 +1).
Дуплекс апартмани (65 м², главна зграда, на горниот спрат има брачен кревет и е како галерија, не е одвоен со врата од долниот спрат, долу има дел за седење и два единечни кревети, едно купатило, тераса со џакузи, макс. 3 +1 лица).
Colonel апартман (120 м², главна зграда, две одвони спални соби, дневна соба, две купатила, едното е со џакузи, макс. 4 лица).
Admiral апартман (80-150 м², лоцирани на последниот кат од хотелот, две одвоени спални соби, две купатила, едното е со џакузи, макс. 4 лица).
Сите соби се со балкон или тераса, со поглед на море или копно, купатила со туш кабини, фен за коса, бањарки, влечки, телефон, централен систем за климатизација, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци, апетисани, чипс се дополнуваат секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, тепих на подот, ЛЕД телевизор со сателитски програми, WI-FI интернет.
-
Услуга
Ултра Сѐ вклучено - 24 часа услуга храна и пијалоци – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот крај базенот или на плажа, сладолед во одредени часови, полноќна закуска и ран појадок, детско бифе и бебешко катче, вегетарисјанско бифе, Локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци се бесплатни.
Не се вклучени: увозен шампањ, локални и увозни високо квалитетни вина и луксузни пијалоци, коњак и 12 год старо виски. À la Carte рестораните се со претходна резервација и со доплата, свежо цеден сок (освен за појадокот), услуга во соба.
-
Содржини
Главен ресторан Parkfora, À la Carte ресторани: Pier Taverna (скара), Parcarella (италијански), Capri (рибен), Nori (јапонски), Beef Grill Club (стек ресторан), барови низ хотелскиот комплекс, бар покрај базен во текот на денот, бар на плажа, лоби бар, диско бар.
Продавници, фризер, перење и хемиско чистење, доктор, чување деца, телефон, факс се доплаќаат. WI-FI интернет е бесплатен.
-
Плажа
Хотелска приватна песочна плажа. Крпи за на плажа, лежалки и чадори за сонце се бесплатни. Приватните павилјони се со претходна резервација и со доплата.
-
Спорт и забава
Надворешни и внатрешни базени, базен за деца, олимписки и полуолимписки базени, тобогани - аква парк, тениски терени, кошарка, одбојка на плажа, фитнес центар, сауна, турска бања, парна соба, пинг-понг, пикадо.
Со доплата: олимписки и полуолимписки базени, осветлување на тениски терени, тениска опрема, фудбалски терен, спортови на вода, куглање, билијард, соба со игри, Wellness & Spa центар се со доплата.
Забавни програми во текот на денот, натрпревари на базен и плажа со професионален тим, вечерни музички шоу програми. Tini kids club –мини клуб за деца од 4-12 години со различна програма и junior club за деца од 12-17 години.
Хотелот е реновиран во 2022 година.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Fasilitetet
-
Општо
- Собна услуга
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца