Otium Family Eco Club

  1. Turqi
  2. Antalija
  3. Side
  • Otium Family Eco Club
  • 81 fotografi
  • Rekomandimi ynë
  • Plazh me rërë
  • Aqua park
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Fusha Tenisit
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Children friendly
  • Ideale për familje
  • Fëmitë deri në 11.99 vjeç - pa pagesë në hotel
  • Kids free
  • Fitness & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Rreth Otium Family Eco Club

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Титрејенгул на 450 метри од морскиот брег, 70 км од аеродромот во Анталија и 7 км од античкиот град Сиде.

  • Сместување

    Вкупно 428 соби.

    Стандардни хотелски соби (18-28 м²; една спална соба со француски кревет или два единечни кревети + софа, едно купатило, макс.2+1 лице).

    Стандардни соби за со деца (исти како стандардните хотелски соби, со две софи, макс 2+2 лица).

    Големи хотелски соби (35-39 м², една спална соба со параван меѓу кревети, едно купатило, макс.2+2 лица).

    Вила фамилијарни апартмани (47 м², две спални соби одвоени со врата, една дневна соба, едно купатило, макс.5 лица).

    Вила фамилијарни соби (41 м², една спална и една дневна соба одвоени со врата, едно купатило, макс.4 лица).

    Сите соби се со приватно купатило со када, туш, фен, влечки, клима, телефон, сеф, сателитска телевизија и музички канали, мини бар (се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чај, тепих на под во хотелските соби и мермерен под во вила собите, WI-FI интернет конекција и балкон.

  • Услуга

    Сѐ вклучено - шведска маса со појадок, ручек, вечера, закуски навечер, попладневни закуски, бифе и ресторан за деца, бебешко катче со микробранова и загревач на шишиња, катче за палачинки, ресторан за закуски на плажа, сите локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 – 24:00 часот, сладолед во одредени часови во текот на денот, пијалоци во диско клубот до 01:00 часот, бар со закуски на плажа од 10:00 - 17:00 часот.

    Не е вклучено: сите увозни пијалоци, специјални вина, коктели, енергетски и луксузни пијалоци, свежо цедени сокови, флаширани пијалоци и лименки, À la Carte  ресторани со претходна резервација и со доплата, наргиле, услуга во соба.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса вклучувајќи го и Hero’s Kids ресторан, À la Carte  ресторани: Salvini – италијанска кујна, Ocean Fish ресторан – морска храна, Sedir – турска кујна, барови околу хотелскиот комплекс.

    Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, продавници, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција е бесплатна во целиот хотел.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа на 450 метри од хотелот. Лежалки, чадори за сонце и крпи на плажа се бесплатни.

    Има бесплатен превоз до плажа во текот на целиот ден или гостите можат да пешачат покрај езерото Titreyen на само 10 минути до плажата. Приватните павилјони се со претходна резервација и се доплаќаат.

  • Спорт и забава

    Отворени и затворени базени за возрасни и деца, аква парк, фитнес центар, тениски терени, пинг понг, мини голф, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, сауна, турска бања и парна соба се бесплатни.

    Џакузи, масажа, осветлување за тениски терени, Wellness и SPA центар, и спортови на вода, билијард, компјутерски игри се доплаќаат.

    Забава со дневни програми покрај базен или на плажа, натпревари за возрасни и деца, навечер шоу програми.

    Има специјален дел од хотелот за деца – Kid’s World со специјален ресторан за деца со мали столчиња и маси, специјални места за играње во текот на денот, спални соби за деца и бебиња кои преспиваат преку ден, базен со аква парк за деца, активности како готвење (печење), градинарство, цртежи по лице. Мини Луна Парк (со доплата), мини диско навечер, сѐ за вашите деца да бидат среќни.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Fasilitetet

  • За деца
    • Детско игралиште
  • Плажа
    • Лежалки за плажа

Lokacioni