Oz Side Premium Hotel

  1. Turqi
  2. Antalija
  3. Side
  • Oz Side Premium Hotel
  • 38 fotografi
  • Plazh me rërë
  • Afer plazhit
  • Aqua park
  • Pishinë e brendshme dhe e jashtme
  • Shezllonat dhe Çadrat e diellit pa pagesë
  • Fitness & SPA

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/

Rreth Oz Side Premium Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции.
  • Положба

    Хотелот се наоѓа во областа Евренсеки на 11 км од Сиде и 55 км од аеродромот во Анталија.

  • Сместување

    Вкупно 476 соби.

    Стандардни соби (32-35м², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, една софа, едно купатило, макс.2+2 лица).

    Фамилијарни соби (48м², се наоѓаат во анекс зградата без лифт, две спални соби, едно купатило, макс.4 лица).

    Економски соби (25м², стандардна соба без балкон која гледа во ходниците, макс.2+1 лице),

    5 соби за лица со попреченост.

    Сите соби се опремени со купатило со када, туш, фен, централен клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува секој ден со вода, безалкохолни пијалоци и пиво), сеф, сателитска телевизија и музички канали, WI-FI интернет конекција, балкон.

  • Услуга

    Ултра Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужина, колачи, полноќна шведска маса и ран појадок, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00 - 24:00 часот, À la Carte ресторан со претходна резервација и еднаш за време на престојот, сладолед во одредени часови, свежо цедени сокови само за појадок, слаткарница, бар на плажа до 10:00 до 17:00 часот.

    Не е вклучено: премиум увозни пијалоци, специјални вина, флаширани пијалоци, услуга во соба, свежо цедени сокови (освен за појадок), пијалоци во Irish pub.

  • Содржини

    Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Latapet – турска кујна, Tulsushi – азиска кујна, бар на плажа, барови околу хотелскиот комплекс, Диско клуб.

    Доктор, перење и хемиско чистење, чување деца, телефон, факс, интернет, продавници, фризер, изнајмување кола се доплаќаат. WI-FI интернет конекција во соби и на јавни места е бесплатна.

  • Плажа

    Хотелска приватна песочна плажа, оддалечена 150 метри од од хотелот. Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

  • Спорт и забава

    Отворени и затвоени базени за возрасни и деца, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, тениски терени, одбојка на плажа се бесплатни.

    Со доплата: сите спортови на вода, осветлување за тениски терени, билјард, компјутерски игри, масажа, SPA & Wellness центар.

    Забавни програми во текот на денот, шоу програми во вечерните часови.

    Мини клуб за деца од 4 - 12 години, игралиште, програма за деца во текот на денот, мини диско навечер.

  • Веб страна на хотелот

Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.


Fasilitetet

  • Општо
    • Собна услуга
  • За деца
    • Детско игралиште
    • Клуб за деца

Lokacioni