Side Sun Hotel
- Turqi
- Antalija
- Side
-
-
-
-
-
- 41 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Rreth Side Sun Hotel
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Кумкој на 5 км од Сиде и 65 км од аеродромот во Анталија.
-
Сместување
Вкупно 207 соби во една главна зграда.
Стандардни соби (22 м², макс. 2+1 лице),
Фамилијарни соби (40 м², две спални соби одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица).
Сите соби се опремени со купатило со туш или када, фен, сплит клима уред, телефон, мини бар (секој ден се дополнува со обична и минерална вода), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф (со доплата), сателитска ТВ и музички канали, балкон.
-
Услуга
Сѐ вклучено – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладне кафе, колачи и чај, вечера, ноќни закуски, сладолед во одредени часови од денот, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци од 10:00-24:00 часот, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш во тек на престој во еден ресторан, бар на плажа од 10:00-17.30 часот.
Не е вклучено: сите увозни пијалоци, сите флаширани пијалоци, свежо цедени сокови, специјални вина, турско кафе, услуга во соба, пијалоци по 24:00 часот, пијалоци во диско клбот.
-
Содржини
Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Kebabistan – турска кујна, Santa Lucia – италијанска кујна, Sambrero – мексиканска кујна, барови околу хотелскиот комплекс, диско клуб.
Со доплата: доктор, чување деца, фризер, телефон, интернет, компјутерски игри, перење алишта, пеглање, хемиско чистење, изнајмување кола. Wi-Fi интернет е бесплатен во хотелот.
-
Плажа
Хотелска плажа со песок и ситни камчиња. Лежалките, чадорите за сонце и крпи се бесплатни.
-
Спорт и забава
Внатрешни и надворешни базени за возрасни и деца, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, одбојка на плажа, пинг-понг.
Со доплата: спортови на вода, велнес и центар за убавина, масажа, билијард.
Забавни програми со професионален тим во текот на денот и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 4-12 години.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Fasilitetet
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца