Be Premium Bodrum
- Turqi
- Egjeu turk
- Bodrum
-
-
-
-
-
- 170 fotografi
Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил во некоја од нашите агнеции . <br/> .hotel-description__container {<br/> max-width: 1220px;<br/> margin: 0 auto;<br/> font-family: 'Roboto', sans-serif;<br/
Rreth Be Premium Bodrum
-
Положба
Хотелот се наоѓа во Торба, на 22 км од аеродромот и околи 8 км од центарот на Бодрум.
-
Сместување
Вкупно 311 соби распоредени главна зграда, анекс згради (студио и супериор згради), апартмани, Малдиви апартмани и вили, Вили и палата.
Студио соби со поглед на море или градина (35 м², една спална соба со дупли кревет, купатило со туш, балкон или тераса, ТВ, макс. 2 лица).
Супериор соби со поглед на море (40-55м², една спална соба со дупли кревет, купатило со туш, ТВ, балкон или тераса, макс. 2 +1 дете).
Делукс соби со директен пристап на базен - собите на приземје се со директен пристап на базен, а собите на кат со поглед кон море (90 м², една спална соба со француски кревет или два единечни кревета, софа, купатило со туш, џакузи во соба, гардеробер, биро, балкон или тераса, завеси со далечинско управување, макс. 2 +2 деца или 3 возрасни).
Апартмани - Премиум апартман - 120м², со поглед кон море, приватен базен и градина, купатило со туш, џакузи на тераса, софа, гардеробер, биро, тераса, завеси со далечинско управување, макс. 2 возрасни +1 дете + бебе или 3 возрасни.
Гранд апартман - 145м², со поглед на море, приватен базен и градина, 2спални соби (една со дупли кревет или два единечни и една со софа), купатило со туш, џакузи на тераса, биро, тераса, завеси со далечинско управување, макс. 4 возрасни лица +1 дете + бебе или 5 возрасни лица.
Малдиви апартман - 110м², со поглед кон море, приватен инфинити базен, една спална соба со дупли кревет, џакузи на тераса, гардеробер, завеси со далечинско управување, макс. 2 возрасни + бебе.
Малдиви вила - 195м², на два ката со поглед на море. Секоја соба има ТВ, завеси со далечинско управување. На приземје има директен пристап на инфинити базен, една спална со дупли кревет со дел за дневен престој, трпезариска маса, кујна, купатило со туш, џакузи на тераса.
На горниот кат има една спална со дупли кревет, гардеробер, купатило со туш, балкон, макс. 2 возрасни + 2 деца + бебе или 4 возрасни лица.
Делукс вила - 245м² на два ката со поглед на море, приватен базен и градина, ТВ во секоја соба. На приземје има една соба за дневен престој, една спална соба со два единечни кревета, купатило со туш, гардеробер, тераса, џакузи.
На горниот кат има една спална соба со дупли кревет, купатило со туш, гардеробер, макс. 4 возрасни +1 дете + бебе или 5 возрасни.
Премиум вила - 535м², на два ката со поглед на море, лифт, ТВ во секоја соба, завеси со далечинско управување. На приземје има приватен базен, една спална со единечни кревети, купатило со туш, гардеробер, соба за дневен престој, терпезариска маса, кујна, платформа, лулашка.
На горниот кат има 2 соби со единечни кревети, една спална соба со дупли кревет, гардеробер во секоја соба, купатило со туш, џакузи во спаланата соба. Максимум капацитет 8 возрасни или 6 возрасни и 2 деца или 4 возрасни и 4 деца.
Гранд вила –725 м², на два ката, со поглед кон море, лифт, ТВ во секоја соба, завеси со далечинско управување. На приземје има приватен базен, една спална соба со дупли кревет, купатило со туш, гардеробер на секој кат, дневна соба, трпезариска маса, кујна, внатрешен базен, турска бања, сауна, туш, купатило, лента за трчање и статичен велосипед, платформа за сончање, павилјон на тераса, лулашка. На горниот кат има 2 спални соби со единечни кревети, една спална соба со дупли кревет, една спална соба со кружен кревет и џакузи, купатило со туш, гардеробер или плакар во сите соби, соба за масажи.
Максимум капацитет 10 возрасни или 8 возрасни и 2 деца или 6 возрасни и 4 деца.
Палата - 2000м², на 3 ката, 2 надворешни павилјони, приватни соблекувални и тоалет за павилјоните. Приватна плажа, 2 одвоени сопствени базени (еден со морска вода), сопствена градина, летниковец со терпезариска маса и платформа. На приземје има 2 спални со француски кревети, џакузи, туш, гардеробер секоја соба, една голема дневна соба, терпезариска маса, две кујни (една професионална), 2 лифта (еден за персоналот), Спа (внатрешен базен, турска бања, сауна, парна бања, ice fountain, туш, лента за bucket shower, одење, статичен велосипед, простор за масажа).
- Прв кат -3 спални соби со француски кревети, џакузи, купатило со туш, гардеробер во секоја соба, соба за дневен престој и тераса.
- Втор кат-главна спална соба (со голем француски кревет 300 х 220 цм), соба за дневен престој, купатло со туш, џакузи, гардеробер, тераса, макс. 12 возрасни лица.
-
Услуга
Ултра сѐ вклучено - 24 часа храна и пијалоци. Бесплатен шампањ, јагоди со чоколадо и специјални пијалоци за деца при пристигнувањето или сместувањето во соба, шише вода, крпи за освежување и влажни марамчиња при заминување.
-
Содржини
Хотелот располага со главен ресторан, 7 À La Carte ресторани, 9 барови, 2 слаткарници, 3 снек ресторани. Шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, бесплатно мени од 23.00 -07.00 часот.
Снек бар покрај базен во период од 12.30 до 18.00 часот со храна, бар на плажа од 12.30-17.00 - се служат бургери и сендвичи. Во периодот од 19.00 часот до 22.00 во À La Carte рестораните Nepenthes (скара), Persepolis (азиски), Tac Mahal Asharma (индиска), La Scala италијански) со претходна резервација. Во ресторанот Notias е бесплатно само за гостите од вилите, а за останатите со доплата.
Алкохолни и безалкохолни локални и увозни пијалоци во лоби бар 24 часа, Puro бар, бар на плажа,детокс бар, бар за чај и кафе во главен рсторан, бар покрај базен, Event бар, Thetis Premium, lobby lounge (работи во зависност од временските услови), B-lounge бар.
Детско мени во главниот ресторан и во слаткарниците (специјални оброци за деца со режим на исхрана). 24 часа услуга во соба само за вилите бесплатно. Бесплатно користење на внатрешен базен, сауна, руска сауна, парна соба, турска бања, финска сауна.
Со доплата се третмани за убавина, масажа, услуги во ВИП СПА, џакузи за парови, третмани во турска бања.
-
Плажа
Хотелска приватна плажа со песок и камчиња. Лежалки, чадори и крпи за на плажа се бесплатни. Павилјоните се со доплата и претходна резервација.
-
Спорт и забава
Базени за возрасни и деца. јога и медитација, едрње (за лиценцирани гости), курс по танцување, водна гимнастика / зумба, пилатес, степ аеробик, пинг понг, фитнес центар.
Со доплата: спортови на вода, приватни часови за пливање и нуркање, фитнес програма со личен тренер, изнајмување кола и велосипед, возење со брод, и сл.
Забави, часови по танц, дневни турнири, танцови претстави, музика во живо, ноќни забави, дискотека, разновидни други анимации, натпревари и забава за деца и разновидна и атрактивна забавна програма во текот на денот и вечерните часови за возрасни.
Веб страна на хотелот
Информации за дестинацијата
Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.
Fasilitetet
-
Општо
- Собна услуга
-
За деца
- Детско игралиште
- Клуб за деца