Flora Hotel

1. Bullgaria
2. Borovec Region
3. Borovec
• Flora Hotel
• 9 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +389 2 3154 124 или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;<

Rreth Flora Hotel

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски на +389 2 3154 124 или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Комплексот се наоѓа во центарот на Боровец, на само 50 метри од долната станица на гондола-лифтот.

• Сместување

Комплексот се состои од две главни згради (внатрешно поврзани) и 5 дополнителни резиденцијални згради. Поновата главна зграда, каде што се наоѓаат некои од студијата и апартманите, е изградена во 2005 година и има 3 лифта, а главната зграда со двокреветните соби е неодамна реновирана и има 1 лифт. Главните згради се на 8 ката. Комплексот нуди двокреветни соби (лоцирани во една од главните згради), студија и апартмани, кои можат да бидат или во главната зграда или во некоја од помошните згради.

• 35 двокреветни соби (2 единечни + 1 дополнителен кревет; макс. 2 + 1 дете), околу 20 м² – два единечни кревети, дополнителен кревет е фотелја на спуштање. Двокреветните соби имаат централно греење, кабелска ТВ, телефон, мини фрижидер, сеф во собата, интернет, паркет, купатило со туш. Некои имаат балкон.
• 14 студија (2 единечни + 1 дополнителен кревет; макс. 3 возрасни), околу 45 м² – дупли кревет, дополнителниот кревет е единечна софа. Некои имаат балкон.
• 7 апартмани со 1 спална соба (2 единечни + 2 дополнителни кревети; макс. 4 возрасни), околу 70 м² – спална соба со дупли кревет и дневна соба со дупла софа на спуштање, балкон.

Сите студија и апартмани имаат централно греење, мини кујна (прибор за јадење, електричен бокал, тостер, рингли, аспиратор, фрижидер), кабелска телевизија, телефон, интернет, паркет, купатило со туш и када. Во хотелот има и една соба приспособена за лица со попреченост.

• Услуга

Полупансион.

• Содржини

(Се наоѓа во главната зграда) Рецепција со сефови за изнајмување (со доплата), услуга во соба, Wi-Fi на јавни површини (бесплатно), простор за чување ски - опрема (со доплата), продавница, главен ресторан Флора, лоби бар, казино, соба за игри, 2 конференциски сали (капацитет до 100/50 седишта), доктор.

За деца: креветчиња за бебиња (на барање, бесплатно), детски столчиња во ресторанот, детско игралиште, игралиште за деца (со доплата) и електронски игри (со доплата).

Без доплата: користење затворен базен и фитнес.

Со доплата: билијард, масажа, арома сауна, инфрацрвена сауна, финска сауна, парна бања, парна бања со арома, СПА третмани.

Паркинг: Надворешниот паркинг (ограничен паркинг простор) е бесплатен за гостите на хотелот; се плаќа гаража.

Домашни миленици: Не е дозволено.

• Веб страна на хотелот

Lokacioni