Hurghada
Gjeni pjesën tuaj të parajsës në Hurghada të bukur, me klimë mesdhetare dhe shijoni rrezet e diellit mbi Detin e Kuq të ngrohtë. Nga një fshat i vogël peshkimi, i rritur në një nga qendrat turistike më të famshme - bëhuni pjesë e aventurave të shumta që ju presin në Egjipt, bashkohuni me ne në këtë aventurë!
Хургада Екскурзии
Уживајте во големиот избор на активности и екскурзии во Египет што ќе го направат вашиот престој во оваа волшебна земја незаборевен!
- 90€
Каиро
Каиро (со автобус) Тргнување од Хургада околу 02:00 наутро со климатизиран автобус околу 6 часа....Пауза во местото Zaafarana-појадок. Пристигнување во Каиро околу 08:00,посета на Националниот музеј –експонати од старата Египетска цивилизација, како и богатствата од Тутанкамовата гробница.Панорамски разглед на Каиро, на пат кон пирамидите на Гиза. Разглед на комплексот Гиза (Кеопсова, Кефренова и Микеринова пирамида, кралот Кефрен и Сфинга).Ручек. Посета на традиционална парфимерија со презентација на подготовка на парфем и користење на масла.Поаѓање од Каиро околу 16.00. Пристигнување во Хургада околу 22.00. Задолжително за оваа екскурзија земете појадок – lunch box. - 90€
Луксор
Престолница на древниот фараонски Египет. Поаѓање од Хургада во раните утрински часови околу 04:00. со климатизиран автобус....Пристигнување и посета на долината на кралевите со влез во три кралски гробници (Тутанкамонова гробница не е вклучена).Посета на храмот на кралицата Hatshepsut – првата жена владетелка на древната Египетска држава. Посета на мала работилница за обработка на камења и изработка на сувенири.Ручек во ресторан на брегот на Нил, возење со моторен чамец. Посета на најголемиот храм Карнак, изграден од фараоните од Новото Кралство во чест на Богот Амон Ра (Бог на Сонцето). Тргнување за Хургада околу 17.00. Задолжително за оваа екскурзија земете појадок – lunch box. - 45€
Aqua Park
Целодневна екскурзија со посета на најубавиот и најголемиот Aqua park,...со вклучена ужина и безалкохолни пијалоци и вклучен трансфер. Цена за деца: 25€ - 20€
Ел Гуна
Утринска екскурзија каде што ќе можете да ја видите т.н. египетска Венеција - Ел Гуна....Посета на стариот дел од градот, делот кај Марината, кратко возење со брод до Лагуната - 20€
Хургада
Попладневна екскурзија со посета на градот Хургада со климатизиран автобус....Посета на џамија, коптска црква, локален аквариум. Еден час за купување сувенири. Пристигнување во хотелот за вечера. - 86€
Островот Mahmya
Возење со брод до Островот и неговата најубавата плажа. За клиенти кои сакаат мир, луксуз и да се чувствуваат како ВИП....Опрема за нуркање, ручек, еден безалкохолен пијалок, бесплатен итренет на остовот. - 22€
„Подморница“ кон морскиот гребен
Брод со стаклен под, крстарење во времетраење од 1 час, нуркање 20 мин. Почеток во 9:00 или во 11:00. - 45€
Paradise Island
Појадок во хотелот. Поаѓање околу 09:00 - превоз со автобус до марината....Каде што ќе добиете опрема: маска и пераи. Еден час возење со брод до првиот корален гребен - површинско нуркање 40 мин.Уште едно застанување кај коралниот гребен и нуркање од 40 мин. Пристигнување на островот, слободно време (2 часа) и ручек. Враќање во 15:30 и пристигнување во хотелот во 17:00.Задожително земете со вас крпа за на плажа. Во цената е вклучена опремата за нуркање, безалкохолни пијалоци и ручек. - 40€
Orange Bay
Ден на море со две застанувања - нуркање 1 до 1,5 час на познатиот остров Orange Bay. - 79€
Елитно VIP Крстарење
Ден на море со повеќе активности и посета на 3 различни локации каде ќе имате можност да......нуркате со маска и доколку имате среќа можеби ќе видите делфини. Вклучена опрема, ручек и пијалок. - 39€
Куќа на делфините
Трансфер од хотелот до Марина во 08:00. Пловидба со јахта (2 часа), опрема за површинско нуркање....Пловидба до северните делови на Хургада, на отворено море со можност за пливање во непосредна близина на делфините.Пловидба до уште два корални гребени во придружба на професионален водич. Вклучена опрема за површинско нуркање, All inclusive услуга на бродот со ручек. - 25€
Сино море
Ден поминат на море, посета на 3 различни локации каде што ќе можете да нуркате... и доколку имате среќа ќе ги видите делфините. Опрема вклучена во цената, а ручекот се служи на бродот. - 40€
Супер Сафари
Целодневна екскурзија во пустина и посета на бедуинско село. Поаѓање од хотелот околу 11:00-12:00....Возење со џипови (околу 40 мин) до бедуинското село, запознавање со нивниот начин на живеење и нивните обичаи.Разглед на селото, бедуинска аптека, пекара, јавање на камили. Возење со Quad џипови (45 мин), вечера и шоу (стомачна танчерка, факир и дервиш).За оваа ексурзија носете: вода, затворени чевли, наочари за сонце, марама. - 30€
Quad Сафари
Утрински адреналин со Quad џипови, јавање на камили и краток престој кај бедуини со чај. - 30€
Џип Сафари
Патување со џипови, посета на бедуинско село и запознавање со нивниот начин на живот...и нивните обичаи, јавање на камили. Вечера со забавен програм. - 35€
Јавање коњи
За љубителите на коњите Ви ја предлагаме оваа посебна екскурзија во тарење од 1 до 4 часа. - 45€
Нуркање
Целодневен излет на брод, нуркање со опрема, кратка обука, 2 нуркања во придружба на инструктор....Ручек и пијалок на бродот. - 45€
Шоу со делфини
Програма со тренирани делфини и морски лавови во траење од 45 мин....Можност за пливање со делфини 5 или 10 мин со претходна доплата.