India

Индија | Индивидуални патувања

11 дена | 9 ноќевања

Индија, една од најстарите цивилизации во светот, плени со своите незаборавни и уникатни доживувања, благодарение на архитектурните ремек дела, природните убавини, спиритуалноста, разните култури и екстремните контрасти. Културата, луѓето, храната и историјата подеднакво ќе ве фасцинираат додека ја доживувате магијата на Индија. Секој дел од Индија има посебна приказна за раскажување - снежните врвови на Хималаите, широката пустина на Раџастан, прекрасните плажи на Гоа, медитацијата, јогата, ајурведските масажи и уште многу други работи кои ја прават оваа земја за паметење.
  • 14 - 24 Април 2023
  • 11 дена | 9 ноќи
  • Со појадок
  • Авионски превоз
  • Трансфер

Лет кон Њу Делхи

Скопје - Истанбул
08:45
01:30
11:10
Скопје
Turkish Airlines 1004
Истанбул
Истанбул - Делхи
20:20
06:20
04:40
Истанбул
Turkish Airlines 716
Њу Делхи

Враќање кон Скопје

Њу Делхи - Истанбул
06:30
06:05
10:35
Делхи
Turkish Airlines 717
Истанбул
Истанбул - Скопје
19:00
01:25
19:25
Истанбул
Turkish Airlines 1005
Скопје

Програма

1 ден
Скопје – Истанбул – Делхи (14.04.2023)

Состанок на групата на аеродром два и пол часа пред полетување.

Полетување со Turkish Airlines во 08:45 часот со број на лет TK 1004. Слетување во Истанбул во 11:10 часот.

Полетување за Делхи со број на лет ТК 716 во 20:20 часот.

2 ден
Њу Делхи (15.04.2023)

Пристигнување во Делхи во 04:40 часот.

Традиционален пречек на аеродром. Трансфер до хотел и сместување (ITC Welcom Dwarka или сличен).

Денот го почнуваме со традиционален индиски појадок и се упатуваме кон истражување на главниот град.

Ќе поминеме покрај Портата на Индија (India Gate) - симбол на почит за загинатите војници во текот на Првата Светска Војна; преку улицата на Парламентот до претседателската палата Раштрапати Баван (Rashtrapati Bhawan), која е најголемата резиденција во светот.

Однадвор ќе ги видиме и Црвената Тврдина (Red Fort), симбол на моќ од времето на Мугалите, Раџ Гат (Raj Ghat) – местото каде што е кремиран Махатма Ганди, и најголемата џамија во Индија – Џама Масџид (Jama Masjid), која може да собере над 20 000 верници.

Слободно време за ручек во некој од традиционалните ресторани.

Можност за организирано купување сари и доти (традиционална индиска облека) и обука за врзување на традиционална облека.

Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден
Њу Делхи (16.04.2023)

Појадок.

По појадокот, се упатуваме кон Кутуб Минар (Qutub Minar), кој ја претставува победата врз последното хинду кралство во Делхи. Продолжуваме кон храмот Лотус (Lotus Temple), симбол на верска толеранција и единство.

Ќе го посетиме и гробот на Хумајун (Humayun’s Tomb), прекрасен мавзолеј изграден од кралицата како симбол на нејзина љубов кон кралот.

Токму овој мавзолеј е инспирација за познатиот Таџ Махал. По ручекот во некој од традиционалните индиски ресторани, продолжуваме кон гурудвара Бангла Сахиб (Bangla Sahib Gurudwara), едно од најсветите места на Сиките.

Ќе го посетиме и Храмот Лакшми Нарајан (Laxmi Narayan Temple), иногуриран од Махатма Ганди како храм за сите касти, и на портата стои знак „Сите се добредојдени.“

Денот го заокружуваме со возење на рикша низ најраздвижениот маркет Чандини Чок (Chandini Chawk).

Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден
Делхи – Џепур (17.04.2023)
(280 км | околу 5-6 часа)
Појадок.

По појадокот, се упатуваме кон Џепур, главниот град на Раџастан, најголемата држава во Индија.

Џепур ќе ви ја открие грандиозноста на индиските палати, во кои и ден денес живеат потомци на кралските семејства.

По сместувањето во хотел (KK Royal & Convention Centre или слично), слободно време за ручек.

Попладнето е слободно да истражување на „Розевиот град“, а вечерта се упатуваме кон етно селото Чоки Дани (Chokhi Dhani), кое во буквален превод значи Култура на Раџастан. Ова место е огледало на раџастанската култура, традиција, храна и наследство.

Тука има и реплики на најсветите места за хиндусите, шоу со традиционални танци, опција за јавање камила или слон, музеи, продавници со ракотворби и сл.

Организирана традиционална вечера.

Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден
Џепур – Фатепур Сикри – Агра (18.04.2023)
(220 км | околу 5 часа)
Појадок.

Ќе го посетиме архитектурното ремек дело Тврдината Амер (Amber Fort) голем комплекс изграден од жолт и црвен камен, и бел мермер, со посебно место во индиската историја.

Разгледувањето продолжува со Хава Махал (Hawa Mahal) или Палата на Ветровите, со над 500 прозорци, низ кои жените од кралските семејства ги набљудувале сите церемонии и случувањата на улица, без да бидат видени.

Џантар Мантар (Jantar Mantar) е астрономска опсерваторија, со големи инструмети за астрономски мерења со голема прецизност.

Слободно време за ручек.

По ручекот, посета на фабрика за рачна изработка на теписи, како работилница за изработка на накит.

Враќање во хотел. Ноќевање.

6 ден
Џепур – Фатепур Сикри – Агра (19.04.2023)
Појадок.

Поаѓање кон Агра. Попатно посета на Фатепур Сикри (Fathepur Sikri), комплекс од споменици и храмови, кој бил главен град на Мугалите во текот на околу 10 години.

Пристигнување во Агра Агра и пријавување во хотел (Hotel Clarks Shiraaz).

Слободно време за ручек. Слободно време за индивидуални активности.

Наша препорака е да се посети грандиозниот комплекс Сикандра – гробот на императорот Акбар, или Итмад Уд Даула (I'timād-ud-Daulah), претходникот на Таџ Махал.

Враќање во хотел. Ноќевање.

7 ден
Агра (20.04.2023)
Појадок.

Посета на едно од седумте светски чуда, Таџ Махал (Taj Mahal) - сместен покрај реката Јамуна, во чест на сопругата на имераторот Шах Џахан, Мумтаз Махал.

Ова ремек дело од кое застанува здивот е врвот на Мугалската архитектура, која комбинира индиски, персиски и исламски мотиви. Овој мавзолеј, изграден од бел мермер и полускапоцени камења, плени со својата приказна за незимерната љубов на имераторот кон својата омилена сопруга.

Од другата страна на Агра, на околу 2 км од Таџ Махал, се наоѓа Црвената Тврдина (Red Fort), изградена од црвен камен. Оваа тврдина го претставува врвот на креативноста на Мугалите, и благодарение на Шах Џахан, достигнува високо ниво на префинетост.

Иновативноста и стилот во градењето и планирањето влијаеле врз понатамошните градби во Раџастан, Делхи и низ други места низ Индија.

Слободно време за ручек.

Организирана посета на фабрика за израбока на мермер, каде подобро ќе се запознаете со техниките кои се користени при градењето на Таџ Махал.

Посета на пазар за зачини чај.

Враќање во Хотел. Ноќевање.

8 ден
Агра – Делхи - Варанаси (21.04.2023)
Појадок.

По појадокот се упатуваме кон аеродромот во Делхи за лет до Варанаси.

Пристигнување во Варанаси во попладневните часови и со организиран трансфер се упатуваме кон хотелот (Rivatas By Ideal).

По ручекот, ќе го запознаеме градот кој е еден од најсветите места за повеќе религии, град кој континуирано бил населен во текот на над 5000 год. Варанаси се смета за домот на Шива и во хиндуизмот претставува крстопат помеѓу материјалниот и духовниот свет.

Попладне слободно време за индивидуални активности.

Можност за пристуствување на вечерна религиозна церемонија „Aarti“.

Враќање во хотел и Ноќевање.

9 ден
Варанаси (22.04.2023)
Појадок.

По појадокот, возење со чамец по реката Ганг, за која се верува дека може да ги измие гревовите на тие што се капат во неа, и набљудување на религионзна церемонија покрај реката (Aarti).

Пристигнување во Варанаси во попладневните часови и со организиран трансфер се упатуваме кон хотелот (Rivatas By Ideal).

Понатаму продолжуваме со истражување на светите места во градот о околината.

Ќе ги посетиме и најпознатите места (Ghats) во Варанаси, каде се одржуваат најважните спиритуални церемонии.

По ручекот, слобдно време за индивидуални активности.

Враќање во хотел и Ноќевање.

10 ден
Варанаси - Делхи (23.04.2023)
Појадок.

Денот може да го искористите за прошетка или шопинг низ Конат Плејс (Connaught Place), познато по безбројните продавници и улични маркети, каде може да ги испробате вашите вештини за ценкање.

Доколку не сте изббрале ракотворби во текот на патувањето, посетете го Дили Хат (Dilli Haat), отворен базар каде што може да се најдат рачно изработени предмети и храна од секој дел на Индија.

Може да го посетите и храмот посветен на Свами Нарајан или Акшардам (Swaminarayan Akshardham Temple), кој содржи над 20 000 статуи од хинду богови.

Враќање во хотел и одјавуавање на собите.

11 ден
Делхи - Истанбул - Скопје (24.04.2023)

Организиран трансфер од хотел до аеродром после полноќ.

Полетување за Истанбул во 06:30 часот со број на лет ТК 717.

Пристигнување во Истанбул во 10:35 часот.

Полетување кон Скопје во 19:00 часот со број на лет ТК 1005

Слетување во 19:25 часот и крај на програмата

Во цената е вклучено

  • Авио билет Скопје – Делхи - Скопје на Turkish Airlines со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж од 30 кг
  • Традиционално пречекување на аеродром
  • Организиран трансфер аеродром-хотел-аеродром
  • Организиран трансфер од хотелите до местата на посета во климатизирано возило
  • Сите такси
  • Обука за врзување традиционална индиска облека (сари и доти)
  • Влезници за сите наведени факултативи
  • 9 ноќевања со појадок во хотели со 4* и 5* во Делхи, Агра, Џепур и Варанаси
  • Водич на англиски за сите организирани ексурзии и разгледувања (освен индивидуалните)
  • Возење со рикша низ Чандини Чок
  • Искачување со џип на тврдината Амер
  • Организирана посета на Чоки Дани, со вклучена традиционална вечера (вегетаријанска)
  • Посета на базар за чај и зачини во Агра
  • Организација и пратител на патувањето (за групи над 20 лица)

Во цената не е вклучено

  • Бакшиши за водичите и возачите ($10 по лице по град)
  • Индивидуални прошетки и трошоци кои што не се наведени во програмата
  • Виза за влез во Индија ($20 по лице, електронска виза)
  • Сите останати трошоци што не се напоменати погоре
  • Патничко и здравствено осигурување 185 денари

Важна напомена:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=62 мкд)
  • За влез во Индија потребен е валиден биометриски пасош со важност 6 месеци
  • Таџ Махал е затворен секој петок
  • Краен рок за пријавување 15.03.2023. Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
  • За патување во Индија од Европа нема задолжителни вакцини кои што треба да се примат пред одењето
  • За резервација задолжителна уплата од 50% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
  • За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 20 патници
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел