Уникатно 4 ноќно крстарење со тргнување од Солун

СОЛУН – ВОЛОС – САНТОРИНИ – АТИНА (ПИРЕЈА) – СОЛУН

Додека постои Солун ќе има татковина за секого“, напишал Никифорос Чумнос, византиски научник од 14 век. Со ова патување ќе ја откриете богатата историја, фасцинантната култура и превкусната храна на грчките острови. Ве покануваме да ги доживеете пејзажите, да ги вкусите традиционалните јадења и да ги истражите шармантните села со нашето петднвно крстарење.

Нашето крстарење ќе Ве одведе на романтична и опуштена одисеја до сончевите брегови, рибарските села и значајните историски места. Со преноќување (на брод), закотвени покрај прекрасниот остров Санторини и крајбрежниот Волос, ќе може да ги истражите скришните места и да се впуштите во едно автентично искуство.

  • 12.04.2023
  • 5 дена - 4 ноќи
  • ПОЛН ПАНСИОН
  • Крстарење

Програма

1 ден
Солун (испловување во 19:00 часот)

Започнете ја незаборавната авантура на Егејот од античкиот град на светлината – Солун. Уживајте во уникатниот амбиент на солунските тврдини, византиските бањи, римската агора, Ротондата и Арката на Галилеј.

Тргнете во авантура која започнува со вкусните солунски колачи. Испловувањето е во 19:00 часот, па затоа е потребно да се пријавите на бродот два часа претходно.Вечера. Ноќевање и ноќно крстарење кон Волос.

2 ден
Волос (испловување во 19:00 часот)

Појадок. Пристигнување во Волос - местото каде што Џејсон и Аргонаутите испловиле во потрага по Златното рунo. Ручек. Сончев пристанишен град во регион Магнезија со неверојатна локација, богат со минерали.

Регионот е совршен за прошетка, истражување, како и за манастирите Метеора на врвот на карпата. Враќање на бродот во 18:30 часот и вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови за Санторини.

3 ден
Санторини (испловување во 20:00 часот)

Пристигнување во Санторини во 09:00. Појадок.Следува разглед на прекрасниот вулкански остров Санторини, место кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи.

Во Санторини може да го искусите медитеранскиот начин на живот опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза. Ручек и вечера .Бродот испловува во 20:00 часот. Ноќевање и ноќно крстарење до Атина (Пиреја).

4 ден
Атина (Пиреја)

Пристигнување во Атина во 07:00 часот.Појадок. Ова е претпоследна станица од нашата поморска авантура.

Атина е еден од најфасцинантните градови во светот, град на историјата, испреплетен и создаден од митови и легенди во срцето на античка Грција.

Град препознатлив по Акрополис и Партенон. Овде може да посетите некои од локалните театри, историски локалитети или пак да се опуштите на прекрасната градска плажа.Ручек и вечера. Ноќевање и крстарење до Солун.

5 ден
Солун

Пристигнување во утринските часови во преубавиот Солун каде завршува ова преубаво крстарење. Испланирајте си го денот за прошетка низ Солун и средување на впечатоците во некоја локална таверна.

Во цената е вклучено

  • 4 ноќевања во кабина на крузер
  • Пристанишни такси и бакшиш
  • Забава на брод
  • Полнпансион со вклучени пијалоци

Во цената не е вклучено

  • Превоз до пристаништето во Солун
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети

Важна напомена:

  • Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=62 мкд)
  • Цените се изразени по лице
  • Чекирањето на бродот е од 13:00 – 17:00 по локално време
  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
  • Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
  • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патувањето
  • За резервација задолжителна е уплата во целост
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Травел