Крстарење по Егејското Море со тргнување од Солун
Програма
Започнете ја незаборавната авантура на Егејот од античкиот град на светлината – Солун. Уживајте во уникатниот амбиент на солунските тврдини, Византиските бањи, римската агора, Ротондата и Арката на Галилеј.
Тргнете во авантура која започнува со вкусните солунски колачи. Испловувањето е во 19:00 часот, па затоа е потребно да се пријавите на бродот два часа претходно.
Вечера. Ноќевање и ноќно крстарење за Кушадаси.
Пристигнување во Кушадаси во 13:00. Ручек.
Може да уживате во прекрасните песочни плажи на Кушадаси
Слободното време искористете го за прошетка по убавото крајбрежје, прошетка и шопинг во големата чаршија, како и дегустација на некои од локалните специјалитети.
Враќање на бродот во 18:00 часот и вечера на брод.
Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Крит.
Пристигнување во Крит – Ираклион во 08:00. Појадок.
Во Ираклион ќе имате можност да ги видите импозантните ѕидини од 16-от век на тврдината Кулес.
Овде може да уживате во прекрасниот брег, да ги посетите малите критски села или палатата на Кносос. Посетете го музејот и научете за првата европска цивилизација и интересните приказни за минотаурот.
Ручек.
Поаѓање од Крит во 19:00. Вечера на брод. Ноќевање и крстарење во ноќните часови кон Санторини.
Пристигнување во Санторини во 07:00. Појадок
Следува разглед на прекрасниот вулкански остров Санторини, место кое нуди совршена глетка кон бројните традиционални бели куќи и цркви со небесно сини куполи.
Во Санторини може да го искусите медитеранскиот начин на живот опуштајќи се во мирот и тишината на прекрасната островска оаза.
Ручек и вечера.
Бродот поаѓа во 00:30. Ноќевање и ноќно крстарење до Миконос.
Пристигнување во Миконос во 08:00. Појадок.
Островот Миконос мами со својата убавина, божествени слики, космополитски дух и врвен ноќен живот. Познат како „Oстров на ветровите”, препознатлив по своите бројни ветерници од 16. век.
Живописниот остров Миконос е примамлив со своите песочни плажи и кристално чистата вода.
Може да уживате во бројните музеи, кино под отворено небо, кафулиња и барови или во клубовите со целодневни забави. Зошто да не го истражите и светиот остров Делос со брод?
Ручек и вечера.
Поаѓање во 02:00 по полноќ, Ноќевање и крстарење до Милос.
Пристигнување во Милос во 09:00. Појадок.
Вулканскиот пејзаж на островот Милос го прави најегзотичен остров на Егејското Море поради неговите извонредни бои и пејзажи, бели карпести формации, зелени води, и голем број на пештери со приказни за пирати. Овде ќе уживате во најубавите плажи, кои вулканските карпи ги обоиле во црвена, розова и портокалова боја.
Ноќевање и крстарење до Атина.
Пристигнување во Атина во 07:00. Појадок.
Ова е претпоследна станица од нашата поморска авантура. Атина е еден од најфасцинантните градови во светот, град на историјата, испреплетен и создаден од митови и легенди во срцето на античка Грција.
Град препознатлив по Акрополис и Партенон.
Овде може да посетите некои од локалните театри, историски локалитети или пак да се опуштите на прекрасната градска плажа.
Ручек и вечера.
Ноќевање и крстарење до Солун.
Пристигнување во утринските часови во Солун, каде завршува ова преубаво крстарење. Испланирајте си го денот за прошетка низ Солун и средување на впечатоците во некоја локална таверна.
Во цената е вклучено
- 7 ноќевања во кабина на крузер
- Полнпансион со вклучени пијалоци
- Пристанишни такси и бакшиш
- Забава на брод
Во цената не е вклучено
- Индивидуални трошоци
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
Важна напомена:
- Плаќањето е задолжително во денари (1 еур=62 мкд)
- Цените се изразени по лице
- Часови за влез на бродот од 13:00 – 17:00 локално време
- За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
- Пријавување на брод мин. 2 часа пред најавеното поаѓање на бродот.
- Индивидуални излети / посети и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
- Kраен рок за откажување аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 250 евра депозит, а целосна доплата 30 дена пред патување
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Травел