Lundrimi në Nil me Hurghadën
КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ СО ХУРГАДА
9 дена - 7 ноќи
- Пет до Саб (2023 год.)
- 9 дена - 7 ноќи
- СЀ ВКЛУЧЕНО | ПОЛН ПАНСИОН
- Авионски превоз
- Крстарење
Авион
Програма
Состанок на групата на аеродром два и пол часа пред полетување. Лет со Turkish Airlines во 20.45 часот со број на лет TK 1006.
Слетување во Истанбул во 00.10 и полетување за Хургада со број на лет TK702 во 01.15. Слетување во Хургада во 02.55 часот и организиран трансфер Луксор.
Пристигнување во Луксор по возење од околу 4 часа (околу 300 км) и сместување на брод. Ручек на бродот. Луксор е познат како најголем музеј на отворено во светот.
Посета на источниот брег, и тоа на храмовите воКарнак и Луксор,кои важат за едни од најимпресивните градби од античкиот период. Најзначаен дел од Карнак е храмот на богот Амон-Ра.
Слободно време на бродот или индивидуална прошетка низ Луксор. Вечера на брод. Ноќевање.Појадок. Организирана посета на западниот дел од Луксор, каде што заоѓа сонцето, место посветено на починатите. Фараоните биле погребувани во Долината на Кралевите, каде што се наоѓа и гробот на познатиот Тутанкамон.
Откријте ја легендата за Колосите од Мемнон и посетете го храмот на Хатшепсут, најуспешната кралица што владеела во Египет како фараон.
По ручекот бродот продолжува кон Есна. Пристигнување во Едфу. Во попладневните часови следува коктел забава во барот. Вечера на брод. Ноќевање
Појадок
- Организирана посета на храмот во Едфу, посветен на богот Хорус;
- Испловување и ручек на брод кон Ком Омбо. Организирана посета на храмот посветен на две божества – Собек, богот со глава на крокодил и богот со глава на фалкон - Хорус Постариот (познат и како Хароерис);
- Патувањето продолжува кон Асуан. По вечерата на брод, следува традиционална (Galabya) забава, каде сите присутни носат традиционална египетска облека.
- Ноќевање.
Појадок
- Организирана посета во Асуан: Високата брана, незавршениот обелиск и храмот во Фили, посветен на божицата Изида;
- Ручек на брод;
- Индивидуално, може да уживате во едрење со фелука или да ги посетите ботаничките градини;
- Вечера на брод со организирано нубиско шоу;
Ноќевање.
Појадок
- Индивидуално, посета на Абу Симбел;
- Одјавување од бродот и трансфер од Асуан до Хургада со автобус (околу 500 км, седум часа возење);
- Сместување во Хургада.
Ноќевање.
Престој во хотел, услуга Сѐ вклучено. Можност за организирани индивидуални екскурзии и разгледи (пустинско сафари, нуркање, разглед на Хургада, и сл.).
Ноќевање.
Организиран превоз од хотел до аеродром во Хургада. Лет за Истанбул со ТК1430 во 01.35 часот.
Пристигнување во Истанбул во 05.35 часот, патувањето продолжува за Скопје со лет ТК1003 во 08.25 часот.
Пристигнување во Скопје во 07.55 часот.
Ноќевање.
Во цената е вклучено
- Авио билет Скопје - Хургада - Скопје со Turkish Airlines (класа W) со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
- Организиран превоз од аеродром Хургада до Луксор и Асуан до хотел во Хургада
- Организиран превоз од хотел во Хургада до аеродром
- 3 ноќевања во хотел со 5* во Хургада, услуга сѐ вклучено
- 4 ноќевања на брод, услуга полн пансион
- Организирани разгледи со водич, превоз и вклучени влезници според програмата
- Стручен водич на англиски јазик
- Организација и пратител на патувањето од Скопје
Во цената не е вклучено
- Индивидуални Излети
- Посети на знаменистости и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
- Виза за влез во Египет (25$ по лице) се добива на аеродром во Хургада
- Задолжителен бакшиш ($30 по лице)
- Патничко и здравствено осигурување
Важна напомена:
- За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци
- Доплата за еднокреветна соба 350€
- Цените за еднокреветна и трокреветна соба, како и за сместување со деца се достапни на барање.
- Kраен рок за откажување аранжманот од страна на агенцијата е 7 дена пред патување
- За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
- За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 15 патници
- За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел