КРСТАРЕЊЕ ПО НИЛ СО ХУРГАДА
ИНДИВУДИУАЛНА ПРОГРАМА

11 дена - 8 ноќи

Со крстарењето по Нил имаме прилика да се запознаеме со една од најстарите цивилизации на планетава чија култура, уметност и наука значајно делувале во развојот на нашата цивилизација. Исто така, се доживува и посебната убавина на оваа земја чија судбина е исконски поврзана со реката Нил, единствениот извор на животот и опстанокот на просторите од североисточна Африка. Оваа програма опфаќа многу значајни места во Египет - од славните градови како Луксор, Асуан, па се до славниот храм Абу Симбел кој се наоѓа длабоко во Нубиската пустина многу блиску до границата со Судан.
  • Недела до Среда (2023 год.)
  • 11 дена - 8 ноќи
  • ПОЛН ПАНСИОН
  • Авионски превоз
  • Крстарење

Авион

Поаѓање кон Хургада
20:45
01:30
00:10
Скопје
Turkish Airlines
Истанбул
Трансфер на лет
01:15
01:40
02:55
Истанбул
Turkish Airlines
Хургада
Враќање кон Истанбул
03:35
01:40
07:35
Хургада
Turkish Airlines
Истанбул
Трансфер кон Скопје
20:25
01:40
19:55
Истанбул
Turkish Airlines
Скопје

Програма

1 ден (Недела)
Скопје – Хургада

Полетување со Turkish Airlines во 20:45 часот со број на лет TK 1006.

Слетување во Истанбул во 00:10 и полетување за Хургада со број на лет TK702 во 01:15. Слетување во Хургада 02:55 часот по локално време и организиран трансфер до Луксор.

2 ден (Понеделник)
Луксор

После пристигнувањето во Луксор следува сместување на брод.

Слободно време за индивидуални прошетки.

Ручек и вечера на брод во Луксор.

Ноќевање.

3 ден (Вторник)
Луксор - Едфу

Појадок. Организирана посета на источниот брег, и тоа на храмовите во Карнак и Луксор, кои важат за едни од најимпресивните градби од античкиот период.

Најзначаен дел од Карнак е храмот на богот Амон-Ра.

Ручек на бродоот. Попладне испловување кон Едфу.

Вечера на брод.

Ноќевање

4 ден (Среда)
Едфу – Ком Омбо - Асуан

Појадок

  • Испловување кон Ком Омбо. Ручек на бродот. Организирана посета на храмот во Ком Омбо – Собек.
  • Попладне испловување кон Асуан.
  • Вечера на брод.
  • Ноќевање.
5 ден (Четврток)
Асуан

Појадок

  • Организирана посета во Асуан: високата брана, незавршениот обелиск и храмот во Фили, посветен на божицата Изида;
  • Ручек на брод;
  • Слободно попладне за индивидуални прошетка низ Асуан или факултативна посета на нубиско село или јавање на камили покрај Нил (екскурзии со доплата).
  • Вечера на брод во Асуан;

Ноќевање.

6 ден (Петок)
Асуан - Едфу

Појадок

  • Можност за факултативна посета на храмот Абу Симбел на јужниот дел од Асуан или слободно време за индивидуални активности на бродот;
  • Ручек на брод.
  • Испловување кон Едфу и вечера на брод во Едфу.

Ноќевање.

7 ден (Сабота)
Едфу - Луксор

Појадок

Испловување кон Есна. Организирана посета на храмот на Хнум, богот со глава на овен, еден од најраните божества кај старите Египќани.

Факултативна посета на градот Луксор со вечера на брод во Луксор.

Ноќевање.

8 ден (Недела)
Луксор

Појадок

Организирана посета на западниот дел од Луксор, каде што заоѓа сонцето, место посветено на починатите. Фараоните биле погребувани во Долината на Кралевите, каде што се наоѓа и гробот на познатиот Тутанкамон, Колосите од Мемнон, посета на храмот на Хатшепсут.

Ручек на брод па факултативна посета на вечерно шоу во храмот на Карнак

Вечера на брод во Луксор.

Ноќевање.

9 ден (Понеделник)
Луксор - Хургада

Појадок

Одјавување од бродот и организиран трансфер до хотел во Хургада

Сместување во хотел.

Ноќевање.

10 ден (Вторник)
Хургада

Појадок

Одјавување од хотел во 12 часот и слободно време за прошетка во Хургада.

Организиран превоз до Аеродром во Хургада

11 ден (Среда)
Хургада - Скопје

Појадок

Полетување со Turkish Airlines во 03:35 часот со број на лет TK703. Слетување во Истанбул во 07:45 часот.

Слободно време во Истанбул

Полетување за Скопје во 20:25 часот со број на лет TK1005.

Пристигнување во Скопје во 19:55 часот.

Во цената е вклучено

  • Авио билет Скопје - Хургада - Скопје со Turkish Airlines (класа W) со вклучени аеродромски такси и чекиран багаж
  • Организиран трансфер: аеродром Хургада – Луксор – хотел во Хургада и до аеродром во Хургада
  • 1 ноќевање ,услуга се вклучено во хотел со 5* во Хургада
  • 7 ноќевања на брод, услуга полн пансион (појадок,ручек и вечера) на брод Ms Nile Crown или сличен на него
  • Организирани разгледи со стручен водич на англиски јазик , превоз и вклучени влезници според програмата

Во цената не е вклучено

  • Индивидуални Излети
  • Посета на знаменистости и сѐ друго што не е споменато во програмата е со доплата на лице место
  • Виза за влез во Египет (25$ по лице) се добива на аеродром во Хургада
  • Задолжителен бакшиш ($60 по лице)
  • Патничко и здравствено осигурување

Важна напомена:

  • За ова патување потребен е биометриски пасош со важност од мин. 6 месеци.
  • Поаѓање од Скопје во сабота, недела, вторник или четврток, цените не важат за време на новогодишните празници.
  • Бродовите за крстарењата поаѓаат во понеделник, среда, четврток и недела
  • Наведените цени се валидни во моментот на објавување на програмата и не се гарантирани
  • Цените варираат во зависност од слободни места во авион и брод / хотел
  • Цените за еднокреветна / трокреветна соба и деца, како и за услуга Сѐ вклучено на брод, се достапни на барање
  • За резервација задолжителна уплата од 100% од вкупниот износ
  • За реализација на аранжманот и факултативните разгледувања потребен е минимум од 2 патника
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на Фибула Ер Травел