Belconti Resort Hotel

1. Turcija
2. Antalija
3. Belek
• Belconti Resort Hotel
• 28 слики
• Опкружен со зеленило
• Дете до 12,99 - бесплатно сместување
• 2 деца бесплатно
• На плажа
• Теретана и СПА
• Наша препорака
• Песочна плажа
• Аква парк
• Бесплатно WiFi
• Затворен и отворен базен
• Тениски терен
• Лежалки и чадори бесплатно
• Фамилијарни

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Belconti Resort Hotel

• Положба

Хотелот се наоѓа во Белек на 30 km од аеродромот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 596 соби во главната зграда, Вила апартмани и 10 клуб згради.

Стандардни соби (30-35 m², една спална соба со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, макс. 2+2 лица).

Club соби (30 m², лоцирани во градината во двокатни и трокатни објекти, една спална со француски кревет и еден единечен кревет, едно купатило, мермерен под, макс.2+1 лице).

Фамилијарни соби со две спални (50 m², две спални одвоени со врата, едно купатило, макс.2+2 лица).

Делукс соби (40-45 m², една спална соба, едно купатило, сет за кафе и чај, макс.2+1 лице).

Deluxe
Honeymoon room  (45 m², една спална соба со округли кревет и џакузи во соба, едно купатило, макс.2 лица и некои соби се со нормален француски кревет).

Кралски апартман (85 m², две спални соби, една дневна соба, две купатила, едното со џакузи, сет за кафе и чај, макс.3+2 лица).

Deluxe Villa Apart type A (84 m², две спални соби одвоени со врата, една дневна соба со американска кујна, две купатила - едното е со џакузи, на долниот кат џакузи на балкон, макс. 4+1 лице).

Deluxe Villa Apart type B (65 m², една спална соба одвоена со врата од дневната соба, американска кујна, едно купатило, макс 3+1 лице, на долниот кат има џакузи на балкон).

Сите соби се со сопствени купатила со када или туш, фен, централна клима, телефон, теписон на подот во главната зграда и керамички под во клуб собите, минибар (секој ден се дополнува со вода , сокови и пиво), сеф, сателитска ТВ со музички канали, балкон, Wi-fi интернет конекцијата е бесплатна.

• Услуга

Ултра сѐ вклучено  – шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, попладневна ужина, сладолед попладне, торти и колачи попладне, вечера, полноќни закуски, ран појадок, детско бифе, сите локални и некои стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци во период, сладолед во одредени часови во текот на денот.

Со доплата се: À la Carte ресторани со претходна резервација и со доплата, луксузни увозни пијалаци, свежо цедени сокови, шампањ, флаширани пијалаци, сите пијалаци по 02 часот, енергетски пијалаци и пијалаци во лименка, услуга.

• Содржини

Надворешен и внатрешен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: турска кујна, италијанска кујна (не е дозволен за деца под 7 години), ресторан за морска храна, барови околу хотелскиот компекс, снек бар и ресторан покрај базенот.

Со доплата се: Доктор, чување деца, пеглање и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет кафе, продавници, изнајмување кола, компјутерски игри.

Wi-Fi интернет конекцијата во целиот хотел е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна песочна плажа.

Лежалки, чадори за сонце, крпи за плажа се бесплатни.

Приватните павилјони на плажа со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за деца и возрасни, тобогани, фитнес центар, турска бања, сауна, парна бања, пинг понг, кошарка, одбојка, мини-голф, одбојка на плажа не се наплатуваат.

Со доплата се: Велнес центар, масажа, спортови на вода, осветлување за тениски игралишта, опрема и часови за тенис, билијард, куглање, компјутерски игри.

Забавни програми во групи, дневни натпревари, и вечерни шоу програми. Мини клуб за деца од 4 до 11 години и тинеџерски клуб за деца од 12 до 16 год.

Хотелот е реновиран во 2023 година.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа

Локација