Велигденски програми

Откријте ја магијата на Велигден во магичните градови Истанбул и Париз. Нашите Велигденски пакет-аранжмани Ви нудат можност да го искусите богатото културно наследство и неверојатната архитектура на овие култни дестинации. Од посета на познати знаменитости до вкусна локална кујна, бидете воодушевени од убавината на Истанбул и Париз. Резервирајте сега и направите го вашиот Велигден незаборавен!

Велигденски програми
  • Париз Велигден 2024

    Париз со бројните туристички знаменитости како Дворецот Версај и Монтенебло, катедралата Нотр Дам, Црквата Сакр Кер, Музеите Лувр, Орсеј ќе бидат дел од незаборавно патување

  • Кападокија Велигден

    Магична земја од глина, сместена во срцето на Турција, позната по уникатните карпести форми во кои древните народи ги направиле своите домови и светилишта. Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “земја на убави коњи”. Регионот Кападокија, со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед и ќе Ви остават мистичен и магичен впечаток. Доживејте ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на месечевата површина. Бидете подготвени да видите ЧУДА!