Kirman Calyptus Resort & Spa

1. Turcija
2. Antalija
3. Side
• Kirman Calyptus Resort & Spa
• 102 слики
• Аква парк
• Анимација
• Бесплатно WiFi
• Лежалки и чадори бесплатно
• Отворен базен
• Песочно-камчеста плажа
• Теретана и СПА

.flex.flex-col.gap-y-6.rounded-lg.border.border-slate-200.p-3.text-sm.text-slate-500.lg\:p-6 {
padding: 0;
border: 0;

.hotel-description {
font-family: "Inter", sans-serif;
column-count: 2;
column-gap: 2rem;
max-width: 1120px;
margin: 2rem auto;

.hotel

Инфо Kirman Calyptus Resort & Spa

• Положба

Хотелот се наоѓа во областа Кумкој на 5 km од Сиде и 60 km од аеродормот во Анталија.

• Сместување

Вкупно 420 соби.

Стандардни соби (30 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.2+1 лице).

Супериор соби (30 m², една спална соба со дупли кревет, еден единечен кревет, едно купатило, макс.3+1 лице).

Фамилијарни соби (44 m², две одвоени спални соби, едно купатило, макс.4 лица).

Делукс фамилијарни соби (63 m², една спална соба со дупли кревет, втора спална со три единечни кревети, едно купатило, макс.4+2 лица).

Сите соби се со приватно купатило со туш кабина, фен, бањарки, влечки, клима уред кој работи според временските услови, мини бар (се дополнува со вода, безалкохолни пијалаци, пиво, чоколадо и чипс секој ден), електричен бокал, сет за кафе и чак, ламинатен под, сеф, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција (слаба брзина), балкон.

• Услуга

Ултра Сѐ вклучено - 24 часа услуга на храна и пијалаци - шведска маса за појадок, ран и доцен појадок, ручек, вечера, утрински и попладневни закуски, бифе доцна навечер, диететско и безглутенско бифе, детско бифе и катче за бебиња (со можност да подготвите бебешка храна сами), сладолед попладне, À la Carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот само во еден ресторан, сите локални и некои увозни алкохолни и безалкохолни пијалаци, бар на плажа од 10:00 - 18:00 часот.

Не е вклучено: луксузни увозни пијалаци, специјални вина, сите флаширани пијалаци и пијалаци во лименка, свежо цедени сокови, енергетски пијалаци, наргиле, услуга во соба.

• Содржини

Главен ресторан со шведска маса, À la Carte ресторани: Ottoman – турски ресторан и Mediterranean – ресторан со медитеранска храна, барови околу хотелскиот комплекс.

Не е вклучено: Доктор, чување деца, перење и хемиско чистење, фризер, телефон, факс, интернет, продавници, изнајмување кола.

WI-FI интернет конекцијата е бесплатна.

• Плажа

Хотелска приватна плажа со песок и камчиња на 450 m од хотелот.

Бесплатни лежалки, чадори за сонце и крпи за на плажа.

Има тунел со бесплатен превоз до плажа.

Павилјоните на плажа се со претходна резервација и со доплата.

• Спорт и забава

Отворени и затворени базени за возрасни и деца, базен за бебиња, лизгалки на вода, фитнес центар, турска бања, сауна, пинг понг, одбојка на плажа се бесплатни.

Со доплата: масажа, билијард, сите спортови на вода, SPA центар. Забавни програми во текот на денот, натпревари на плажа и покрај базен, шоу програми во вечерните часови.

Мини клуб за деца од 4 - 12 години со различни активности и програми.

• Информации за дестинацијата

Откријте сè што треба да знаете за оваа дестинација, вклучувајќи информации за патувања и повеќе. Кликнете овде за повеќе детали.

Веб страна на хотелот

Содржини

• Спорт и забава
• Пикадо
• Сала за вежбање (Теретана)
• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца
• Плажа
• Лежалки за плажа
• Ресторани и барови
• Ресторан

Локација