Sheraton Miramar Resort El Gouna

• Sheraton Miramar Resort El Gouna
• 28 fotografi

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk .
.hotel-description {
max-width: 1220px;
column-count: 2;
margin: 0 auto;
margin-top: 30px;
column-

Rreth Sheraton Miramar Resort El Gouna

Подетални информации за хотелот како положба, сместување, услуга, плажа, содржини, спорт-забава може да најдете во текстот подолу. Доколку имате дополнителни прашања слободно контактирајте не телефонски или преку емаил fibula@t.mk.
• Положба

Се наоѓа во центарот на Ел Гуна, на околу 35 км од аеродромот и центарот на Хургада.

• Сместување

Вкупно 339 соби кои се простираат на 9 острови поврзани со кристални лагуни.

• Класични соби (38-42 м², еден дупли или два единечни кревет, купатило, макс. 2 лица),
• Deluxe Beach front (38-42 м², исти како стандардните, но во прв ред и директен поглед на море, купатило, макс. 2 лица).
• Јуниор апартман (52 м², еден дупли кревет, гарнитура за седење, макс. 2 лица).
• Palas Appartment 250 м2.
• Executive апартман (62 м², една спална, една дневна, купатило, макс.2+1)

Сите соби имаат бања со туш, фен, бањарка и влечки, клима уред, сеф, мини бар, сет за кафе и чај, шише со вода, сателитска ТВ, балкон или тераса.

• Услуга

Се вклучено шведска маса за појадок, детски појадок, ручек, вечера, закуски во текот на денот, колачи, сладолед во одредени часови, локални алкохолни и безалкохолни пијалоци и некои коктели, À la carte ресторани со претходна резервација и еднаш за време на престојот, бар на бродот Samir 2 Coconut и други барови во хотелскиот комплекс, диско клуб (пијалоците се доплаќаат). Побарајте го концептот All Inclusive на рецепцијата на хотелот или во собите. Концептот не вклучува премиум увозни пијалоци, енергетски пијалоци, казино, свежо цедени сокови, катче за наргиле, лекарски услуги, интернет катче, перална, трговски центар, менувачница, такси услуга. WIFI интернет конекција бесплатно на јавните површини на хотелот.

• Плажа

Хотелот се наоѓа на сопствена песочна плажа составена од неколку лагуни. Еден помал дел е со корален гребен кој привлекува голем број љубители на подводниот свет, а поголемиот дел е зона со плитка вода. Гостите на хотелот можат да користат лежалки, чадори за сонце и крпи бесплатно.

• Спорт и забава

Хотелот располага со 2 базени за возрасни со свежа вода (1 базен се загрева во зима), 3 базени за деца со свежа вода, аква аеробик, гимнастика, одбојка на плажа, фитнес центар, сауна. Со доплата се сите спортови на вода, услуги во Спа и центар за убавина, масажи. Забавувајте ја програмата во текот на денот и навечер. Мини клуб за деца, детско игралиште.

• Внимание

Домашни миленици не се дозволени, во сите ресторани е задолжителен dress code.

Одредени содржини и услуги во хотелот не се бесплатни за користење, а тоа подразбира користење пијалоци од мини барот, гледање некои телевизиски канали, користење услуги на СПА ЦЕНТАР, телефон, факс, интернет, спортови на вода, храна и пијалоци во баровите и À la carte рестораните, користење спортски терени и спортска опрема, користење услуги за хемиско чистење, пеглање, паркинг, гаража, влезници за аква парк и слично. Детални информации за доплата и цена на услугите, како и работно време на баровите, рестораните и другите хотелски содржини се добиваат по пристигнувањето во хотелот, на рецепција.

Посебни барања и напомени во резервацијата не се составен дел од договорот и со самото тоа не се обврзувачки. Организаторот на патувањето нема влијание за позицијата на собата, на кој спрат е собата, големина на креветите, софите, фотелја или помошно легло. Распределбата на собите е од страна на службите на рецепција во хотелот, по пристигнувањето на гостите.

Забелешка: поради новите мерки за заштита од Ковид-19, хотелот го задржува правото за промена на некои содржини без претходна најава.

• Веб страна на хотелот

Fasilitetet

• Општо
• Собна услуга
• За деца
• Детско игралиште
• Клуб за деца

Lokacioni